Момците откриваат: Вака се однесуваме кога сме заљубени
Некои луѓе порано забележуваат дека се заљубени, а некои покасно. Девојките се прашуваат дали им се допаѓаат на симпатијата, а момците стравуваат да го направат првиот чекор. Овие работи се вртат во круг, додека најхрабриот не ја преземе иницијативата и каже - ми се допаѓаш!
Cosmopolitan ги пренесува приказните на момчињата кои признаваат кога сфатиле дека се заљубени во своите девојки. Прочитај ги можеби ќе ги забележиш малите сигнали кои некој ти ги испраќа.
# Чед, 29 години
Никогаш не сум можел долго да гледам некој во очи, но својата девојка можев да ја гледам непрестано и никогаш не ми е неудобно.
# Рич, 29 години
Знам дека ми се допаѓа девојката кога ќе и дозволам да ми „копа“ по телефонот. Момците не сакаат многу да делат работи, па кога ќе ви дозволат да му се јавите на мобилниот тогаш може да знаете дека е заљубен во вас.
# Патрик, 27 години
Се вратив од шопинг и сфатив дека сум купил мини моркови и диетален сок. Тоа силно ме удри и сфатив дека веќе инстиктивно ги купувам работите кои ме прават среќен.
# Патрик, 24 години
Гледајќи ја својата девојка на забава се запрашав со што ја имам заслужено. Тогаш знаев дека таа е онаа вистинската.
# Валтер, 22 години
Работам како музичар и знаев дека сум заљубен кога сите песни ги нареков по неа.
# ЛеВел, 25 години
Кога започнав да одам, да зборувам и однесувам подобро поради неа, тогаш знаев дека сум заљубен.
Дали го препозна однесувањето на некој од своја близина? Биди внимателен/внимателна бидејќи околу тебе може да се наоѓа твојата сродна душа.