Момент кој многумина шокираше: Начинот на кој татко ѝ ја честиташе победата на ќерката го згрози светот (ВИДЕО)
Бизарната ситуација на тенискиот терен згрози многумина...
Младата тениска ѕвезда, Сара Бејлек се пласираше во главната ждрепка на УС Опен. Кога му пришла на татко ѝ да ја прослави победата, следувал шокантен гест кој никој не го очекувал.
Имено, таа му пришла на татко ѝ за да се поздрави со него и за тој да ѝ честита. На видеото се гледа дека се прегрнати, а само неколку секунди потоа тој почнал да ја удара по задникот. За шокот на гледачите да биде уште поголем, тој по сето тоа ја бакнал во уста.
La célébration de Sara Bejlek (16 ans) après sa qualif pour le tableau principal enflamme les réseaux sociaux à travers le monde. Il s'agit de son père et de son coach. pic.twitter.com/zfhFgRGbql
— Tennis Break News (@tennisbreaknews) August 27, 2022
Како тече видеото, ситуацијата станувала уште побизарна. По поздравувањето со татко ѝ, се поздравила со уште еден човек кој исто така ја ударал по задникот. Како и секогаш, ваквиот настан секогаш е идеална подлога за коментари на социјалните мрежи, главно негативни, со оглед на тоа што од оваа ситуација многумина беа изнендени и згрозени, особено родителите ширум светот.
Видеото стана вирално на Твитер и пропратено со многу коментари. На луѓето им било непријатно додека го гледале ова, а многумина ги осудија овие потези.
фото: Принтскрин / Твитер