Може да биде опасно: Зошто не треба да носиш ластик за коса околу раката?
Многу девојки вака носат ластик за коса...
Некако ни е погодно да носиме ласти за коса на раката. Секогаш е тука ако ни притреба, но не ни пречи, а понекогаш дури изгледа убаво. Совршено или сепак не?! Ова не е добар начин да го носите овој додаток за коса, бидејќи може да биде опасно.
Отсекогаш сме носеле ластик за коса околу зглобовите. Некако отсекогаш ни било најпрактично и добро изгледа. Некогаш ластикот дури изгледа како нараквица и не ја вадиме со денови и недели. Изгледа како да не е некоја голема рбаота, но всушност ова не е многу паметно. Единствено што може да забележиме е дека понекогаш ни остава црвена трага на кожата, бидејќи премногу ни ја стиска, но истата брзо поминува. Изгледа безопасно, но напротив, ова може да биде многу опасно.
Обично носиме ластик кој е премногу тесен и ни ја стиска раката. Ако носите поширок, тогаш не е порблем. Кога еластичната лента е многу затегната, може да го наруши протокот на крв во зглобот. Во најлош случај, тоа може да доведе дури и до синдром на карпален тунел. Може да почнете да чувствувате случајна болка која не престанува, а вашата рака и прсти може да станат помалку подвижни подоцна во текот на годините. Така, носењето на ластик за коса околу раката, може да доведе до трајно оштетување на раката.
Пред да се исплашите премногу, важно е да внимавате тоа да не ви случува често. Може да настане проблем ако го носите вака постојано и го вадите од рака. Со денови и денови. И, се разбира, ако гумената лента е многу цврста. Поради оваа причина, но и за здравјето на вашата коса, користите ластик за коса кој е помек и не толку цврст.
Проблемот може да се случи и ако имаш некоја повреда на раката, ако си ја излупила кожата, а потоа си ставила ластик преку неа. Да бидеме реални, ластиците за коса не се чисти и речиси никој не ги пере. На овој начин, бактериите мжое да ти се залепат и за кожата и да доведат до иритација и развој на поопасни бактерии.
фото: unsplash.com