Може да ја подржиме нашата земја: Имате уште неколку часа да гласате за Мила
Утре во 16 часот ќе одржи 17 - тата по ред Јуниорска Евровизија. Нашата претставничка, Мила Москов со песната „Fire“ ќе настапи како 4 по ред.
Како секоја година, така и оваа има нови правила, а едно од оние кои е во наш интерес е тоа што можеме да гласаме за нашата претставничка.
Гласањето започна вчеравечер, а ќе може да гласате за најмалку 3, а најмногу 5 земји учеснички. На следниот линк ќе може да ја поддржите нашата Мила - vote.junioreurovison.tv.
Во продолжение погледнете како Мила помина на втората и последна проба, пред финалниот настап.
Нашата редакција и посакува многу среќа и секако висок пласман.