Мрачната страна на цртаните на Дизни која ќе ве шокира
Малку луѓе би кажале дека никогаш не уживале во цртаните. Или пак дека не ги гледаат се уште... Сигурно се сеќавате на деновите кога сè изгледаше некако мирно и невино. Но, како што растете, сфаќате колку е суров светот во кој живеете. Во тој поглед, ни цртаните кои некогаш сме ги гледале не се толку невини како што сме си мислеле. Ова се скриените пораки зад најпознатите цртани на Дизни кои ќе ве шокираат.
# Frozen - Прифаќање на поинаквите
Во цртанот Елса, уште како дете, мора да ги крие своите способности и моќи. Дури ни нејзините родители не ја поттикнувале да се прифати себе, туку спротивното, пробале да ја сокријат. Ракавиците кои и ги дале го претставуваат нивниот обид да и ја намалат вредноста и правото на природата за да биде навистина „нормална“.
Елса ракавиците ги носела целиот жиивот додека не се прифатила себе си, онаква каква што навистина е, па ги фрлила. На денот на крунисувањето, насобраната маса открила како Елса поседува магични моќи и притоа и кажале дека е чудовиште. Иако никој не повредила, ниту пак направила нешто лошо, луѓето не ја прифатиле добро бидејќи била поинаква од другите и со тоа не се вклопувала во друштвото.
Цртанот прикажува како луѓето, кои толпата луѓе ги сметаат за поинакви, се перцепираат во стварноста. Од цртанот можеме да излечеме лекција дека е во ред да бидете поинакви и дека секој од нас има свое место на овој свет.
# Toy Story 3 - Диктатура
Во цртанот, возрасниот Енди ги донира своите играчки на детскиот центар во кој „владее“ плишаното мече под името Лотс. Мечето центарот го претставува како идилично место, но всушност води кон диктатура на кој трон е тоа. Цртанот илустрира многу аспекти на диктатурата: харизматичен лидер, социјални класи, перење на мозок, присилна работа, идеологија... Иако ова звучи како тешка тема за децата, ги учи на многу работи.
Иако е претставено како рај и место на слободата, Sunnyside всушност е диктатура водена со воена дисциплина. Целата поука потекнува од куклата Барби во цртатот „авторитетот би требало да дојде од согласноста на потчинетите, а не под закана на силите“.
# Tangled - Семејно насилство
Во моментите кога разговара со ќерка си, мајката Готел константно и ја уништува самодовербата, исмејувајќи се со нејзиниот изглед, смеејќи се на нејзините соништа, терајќи да се чувствува виновна за се што и зборува. Освен тоа, Готел и вели дека е наивна и дека никогаш нема да може да се грижи за себе. За работите да бидат уште полоши, таа на Златокоса не и дозволува да ја напушти кулата и не и дозволува самостојно да донесува одлуки. Ова е училишен пример за токсичните родители.
Цртанот децата ги учи дека од ове видови на злоупотреба често не се лишени од своите најблиски е дека е добро да се напушти таквиот насилен амбиент, затоа што има луѓе кои може да сакаат друга личност и да ја поддржуваат во нејзините луди идеи.