Мрсна коса, несоодветен број на јакна: Бела Хадид изненади со изгледот, но еден детаљ го поправи целиот впечаток
Се извлече
Бела Хадид моментално е една од најбараните модели во светот. Изгледа феноменално, а нејзината физичка форма никогаш порано не била доведена во прашање. Сепак, Бела приватно претпочита лежерен стил, па нејзиното појавување во јавноста многу често завршува со критики, бидејќи не и е грижа многу за тоа како изгледа.
Моделот често може да се види во гардероба која е неколку броеви поголема за неа, која крие облини, и кожата и косата не оставаат впечаток на премногу средена личност.
Овој пат ситуацијата е нешто поинаква, бидејќи донекаде го оправда својот статус. Бела се појави на улиците на Париз, каде што моментално престојува, во „оверсајз“ костим во кафеава боја со вертикални линии, а под себе носеше само маица што целосно и го открива стомакот.
На прв поглед, со мрсна коса и уморен изглед, го покри лицето со заштитна маска, но само еден поглед на нејзините совршено извајани стомачни мускули го подобри нејзиниот општ впечаток.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Познатите сестри спијат на милиони, на улица не би ги препознале: Најплатените манекенките фотографирани во чудно издание