МС Стојан ги исече патиките од 900 евра: Раперот збесна поради скандалот во кој Баленсијага се обвинети дека промовираат насилство над децата (ВИДЕО)

МС Стојан ги исече патиките од 900 евра: Раперот збесна поради скандалот во кој Баленсијага се обвинети дека промовираат насилство над децата (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Раперот МС Стојан се придружи на масовниот тренд и протестот против модната куќа Баленсијага, па ги шокираше сите со видеото во кое ги исече патиките од оваа дизајнерска куќа, која чинат 900 евра.

Рапарот полудел кога видел и слушнал за скандалот на модната куќа која лансираше нова колекција од детски ранци во облик на мече со сите садо-мазо реквизити. Ова го шокираше целиот моден свет кој го обвини брендот да промовира насилство над децата, по што „Баленсијага“ веднаш ја повлече колекцијата и ѝ се извини на јавноста.

@psychadvice Balenciaga’s disturbing and sick fashion campaign #balenciaga #kimkardashian #kanyewest #CelebrityNews #Kardashians Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs - Skittlegirl Sound

Додека Стојан ги сече своите патики во видеото, коментарите под истото само пристигнуваа: „Секоја чест!“, „Можеше мене да ми ги испратиш“, „Ќе купиш нови, логично“, „Ти си далеку од Баленсијага“.

@mcstojan_14 Zbog promovisanja uzasnih stvari vezanih za decu pridruzujem se i najostrije osudjujem  #balenciaga #canceled #fyp #foryou Disco - MC Stojan

За овој скандал се огласи и Јелена Карлеуша, но таа немаше лоши зборови против гестот на популарниот бренд, туку констатираше дека поради поседувањето на модни парчиња од шпанскиот бренд, исклучиво ја напаѓаат жени од Босна и Херцеговина.

„Баленсијага посебно ги погоди жените од Босна. Само тие ми пишуваат навреди во „дм“, бидејќи имам работи од Баленсијага. Изгледа дека Баленсијага навистина има влијание на животите на жените во Босна, штом оваа ситуација толку ги погоди. Не знаев дека овој бренд е толку важен и застапен во Босна. Што ќе прави сега Босна без Баленсијага не знам, но се молам што поскоро да се извлечат од овој тежок период“ - напиша Јелена, кој заедно со милион други жени има модни комбинации од познатиот бренд кој направи пропуст.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: