MUST HAVE: Овие нокти ќе бидат вистински хит во 2019 - та!
Секоја година модната индустрија воведува новини во светот на модата и „make up“ - от. Некои стилови се безвременски, со мали измени, како што се пунџите, малите црни фустанчиња и ајлајнерите.
Меѓутоа, другите стилови се менуваат и прилагодуваат на времето. Во продолжение дознајте кои нокти ќе бидат MUST HAVE оваа сезона!
За среќа, оваа година ни ќе бидат „ин“ нокти кои можеме и самите многу лесно да ги средиме, без да одиме на маникир и скапи третмани.
На прво место, според стилот, ќе бидат неонските нокти. Енергичните бои, шари и безбројните опции се резервирани за оваа пролет и лето, па доколку досега не ја обнови својата колекција со лакови за нокти во овие бои, време е да го сториш тоа.
Покрај неонските, повторно во мода се враќаат и металик боите, кои се резервирани за пролетта. Овие супершик пастелни бои ќе не воведат во топлите денови за време на пролетта.
3Д ноктите и понатаму ќе бидат многу популарни, а на сцената ги врати Карди Б. Овие можности се неограничени, а се зависи од твојата волја, фантазија и време. Каменчиња, суво цвеќе, циркони... на тебе е да одлучиш што ќе ставиш на твоите нокти!