Музички времеплов: Како звучат Цеца и Анастасија Ражнатовиќ кога ќе ги вкрстат гласовите?
Иако пеат сосема различни жанрови, сепак Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ си се голема поддршка една на друга.
За време на приватните прослави често ги вкрстуваат гласовите, а тоа имаат можност да го слушнат само нивните најблиски. Но, по нивниот прв заеднички настап во Пробиштип, кој се одржа изминатиот викенд, тоа повеќе не е нешто непознато.
Исто така, кон крајот на минатата година, со цел да ја држат публиката во неизвесност, мајката и ќерката направија еден преседан на еден од концертите на Цеца.
Имено, тогаш на концертот во Минхен, Цеца и Анастасија заедно го отпеаја хитот „Лепотан“, а како звучат кога ќе ги вкрстат гласовите слушнете во продолжение: