На 13-годишната Тара скоковите ѝ се во гените: Ги освои сите со подвигот во Мостар, се тресеше над Неретва, но само од возбуда

На 13-годишната Тара скоковите ѝ се во гените: Ги освои сите со подвигот во Мостар, се тресеше над Неретва, но само од возбуда

Тара учествувала на многубројни меѓународни натпреварувања, а медалите кои ги освојува, повеќе не ги брои...

Малата Тара го воодушеви целиот регион, скокајќи од мостот во Мостар, кој е висок 23 метри. Оваа храбра 13-годишна девојка се занимава со скокање во вода од својата шеста година, има освојувано бројни медали на меѓународни натпреварувања и како што вели, тоа е само почеток во овој спорт.

Таа за „Телеграф“ откри какво е чувството да се скока од големи висини, но зборуваше и за своите понатамошни планови во кариерата.

„Со скокање во вода се занимавам од својата шеста година. Љубовта кон овој спорт ми ја всади дедо ми, кој во младите денови исто така скокал од мостови, дрвја и останати места, па мене сето тоа ми беше забавно и сакав да го пробам тоа“ - раскажува Тара.

Иако многумина би почувствувале страв, кога само би се приближиле до оградата на мостот, за Тара тоа било пријатно искуство, пред сѐ бидејќи тоа било пропратено со громогласен аплауз.

„Малку се тресев, но не моради тоа што бев уплашена, туку затоа што бев возбудена, бидејќи кога скокнав и кога излегов од водата, сите ми аплаудираа и потоа се чувствував многу убаво“.


Тара учествувала на многуброни натпреварувања, а медателите кои ги освојува, одамна престанала да ги брои.

„Учествував на многу меѓународни натпреварувања, во Италија, Хрватска и останатите земји. Имам освноено повеќе од 100 медали, повеќе и не ги бројам“.

Таа за крај откри дека има желба кога ќе порасне да учествува на Олимпијадата.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Можеби ќе ве интересира: