На 14 години години изгледала како средновековна жена: Денес има 22 години и изгледа многу помладо (ВИДЕО)
Луѓето се чудат кога ќе ги изгледаат нејзините фотографии...
Џил, која на социјалната мрежа ТикТок е позанта како „Мама Џил“ и под корисничкото име @jill200016, неодамна сними видео во кое објаснува повеќе за својот изглед, наведува „Њујорк Пост“.
„Имам 22 години, но секогаш ги добивам овие коментари дека изгледам како да имам 30. Ако сите мислите дека изгледа старо, ќе ви покажам како сум изгледала на 14“ - објаснува таа на почетокот на видеото, одговарајќи на нечиј коментар дека изгледа постаро.
Во видеото потоа се појавува фотографија на која Џил има 14 години, а на која има кратка руса коса и носела поголеми обетки и фустан со црно-бели линии. Видеото за кратко време собра повеќе од 3,7 милиони прегледи.
„Изгледам како жена во средни години“ - кажа.
Потоа покажа фотографија од тоа како изгледа сега, со кафена коса и очила, во искинати фармерки со висок струк и розова маица на долги ракави.
„Полека, но сигурно почнувам да изгледам според годините што навистина ги имама. Станав мајка на 16 години, па психички имам 45. И се однесувам како да имам 45, но давам се од себе за да изгледам како да имам 22 години“ - се пошегува на крајот од видеото.
@jill200016 Replying to @bestmama6836 original sound - Mama Jill
Во коментари на нејзиното видео, многу корисници и сами признаа дека не можат да поверуваат дека таа всушност има 14 години на фотографијата.
„Боже, чија тетка е ова?“, „Старееш обратно“, „Не доаѓа предвид. Дефинитивно си изгледала како нечија мајка на оваа фотографија“ - се само дел од коментарите под видеото.
фото: Принтскрин / ТикТок