На 3 години знаела дека сака да биде момче: Ќерката на Џоли и Пит ќе го менува полот, а истото го направија и овие деца на овие познати личности

На 3 години знаела дека сака да биде момче: Ќерката на Џоли и Пит ќе го менува полот, а истото го направија и овие деца на овие познати личности

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Веројатно на децата на славните им е уште потешко да го сменат полот, имајќи предвид дека медиумите постојано го следат секој нивни чекор, а милионската публика е отворена да коментира и да им суди на дневна основа

Промената на полот е сè уште табу тема во многу земји во светот, па затоа за ваква голема животна одлука е потребна голема храброст, но и поддршка од семејството и пријателите.

Трансродовите деца имаа поддршка од овие славни родители:


Шарлиз Терон 

Деветгодишната ќерка на актерката Шарлиз Терон е родена како момче, а веќе на тригодишна возраст знаеше дека всушност е девојче. Актерката во тоа време и била целосна поддршка и изјавила дека всушност е среќна што има две ќерки. Имено, актерката го посвои малечкиот Џексон, како и нејзината сестра Аугуст.

„Приказната на мојата ќерка е навистина само нејзина приказна и еден ден, ако таа избере, таа ќе ја раскаже својата приказна", рече Шарлиз Терон.


Синтија Никсон 

Славната актерка и го откри на јавноста идентитетот на нејзиниот трансродов син, 23-годишниот Сеф, роден како девојче, во 2018 година. Сејф е едно од двете деца што ѕвездата на хит серијата „Сексот и градот“ го доби со нејзиниот поранешен партнер Дени Мозес. Актерката тврди дека е многу горда на својот син и дека неговото „ослободување“ било вистинско олеснување.

„Јас сум многу горда на него. Се чувствував навистина чудно кога требаше да ја користам заменката "таа" во јавноста, но луѓето сè уште не знаеја. За него беше во ред и беше навистина прекрасно кога го објавивме сите “- изјави Синтија за странските медиуми.


Габриел Унион и Двејн Вејд 

НБА sвездата Двејн Вејд и актерката Габриел Унион даваат се од себе да ја направат транзицијата на нивната ќерка Заја што е можно безболна. Двејн јавно зборуваше за својата ќерка, која живееше како момче 12 години, првпат на почетокот на 2020 година, како гостинка во емисијата со Елен Деџенерис. Потоа истакна дека тој и неговата сопруга многу сериозно ја сфаќаат улогата на родители и се среќни што можат да научат за тоа низ што поминува нивната ќерка. Двејн, тврди тој, сака да им покаже на другите родители дека не се сами.

„Знаеме дека има и други семејства кои се соочуваат со периоди кога нивното дете се "бара" себеси и учи кој е тоа навистина. Јас сигурно нема да седам тука и да се преправам дека ги имаме сите одговори. Јас нема да седам тука и да се преправам дека ние, порано отколку детето да дојде кај нас и селото да разговара со нас, не можевме да го игнорираме. Велам дека учиме од 12-годишно дете, буквално учиме од сопственото дете“- вели кошаркарот во едно интервју.


Анџелина Џоли и Бред Пит 

Модниот вкус на малата Шајло „го привлече вниманието“ на светот одамна. Момчешки стил и кратка коса станаа заштитени знаци на ова 14-годишно момче. Со години се шпекулираше дека ќерката на славниот пар сака да биде момче, а од минатата година наводно се викаше Џон.

Бред најпрво зборуваше за воспитувањето на Шајло, или Џон, во 2008 година со Опра Винфри, а потоа откри дека ја нарекуваат со неговото машко име, додека Анџелина зборуваше за тоа две години подоцна кога изјави дека се започнало кога Џон имал три години. Во една прилика, на познатата актерка и „излетала“ како нејзината ќерка сака да биде момче.

„Таа сака да биде момче, па и ја исечевме целата коса. Сака да носи машка облека и мисли дека е еден од браќата", рече тогаш Анџелина.

Неговите родители го поддржаа максимално во оваа храбра одлука, а според странските медиуми, Шајло / Џон наводно ќе го смени полот кон средината на оваа година, а многумина веќе го слават ова дете како ЛГБТ икона. 


Шаде 

Единственото дете на оваа 61-годишна пејачка излезе во јавноста како трансродово лице во 2016 година. Исак, роден во 1996 година како девојче Микаилија, тогаш рече дека неговата позната мајка е негова најголема поддршка и дека секогаш ќе и биде благодарен за тоа.

„Ти благодарам што беше со мене во изминатите шест месеци, мамо. Ти благодарам што се бореше со мене за човекот што сум сега. ти благодарам за целото охрабрување кога ми стана тешко, ти благодарам за љубовта што ми ја даваш. Најпрекрасно срце. Те сакам многу. Кралицата над кралиците", и рече тогаш емотивниот Исак на својата мајка.


Шер 

Оваа популарна пејачка секогаш отворено и со љубов го поддржувала својот син Чејс во процесот на транзиција. Родена во 1969 година како девојче по име Частити, Чејс го започна процесот на транзиција во 2008 година и сними документарен филм за сето тоа. Во 2011 година, Чејс учествуваше во локалната верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“ и со тоа влезе во историјата како прва трансродова личност што учествувала во ваков вид на шоу. Шер рече дека „излегувањето“ на нејзиниот син од плакарот ги зближило уште повеќе.

„Ние сме во најдобра врска во која се наоѓаме уште од кога беше мала. Морам да кажам "таа" затоа што Честити беше "таа" и тогаш морав да го одделам тој идентитет од Чејс како што е денес. Но, тоа почнува да биди фино затоа што сега создаваме спомени и всушност долго време се забавуваме“, изјави Шер за странските медиуми во тоа време.


Фото: SHUTTERSTOCK/Profimedia/youtube/screenshoot


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: