На час ја пуштиле „In corpore sano“: Наместо подарок, погледнете како гимназијалци од Србија ја воодушевија професорката за Денот на жената (ВИДЕО)
Ниу една песна која Србија ја има избрано да ја претставува државата на Евровизија не предизвикала толкава фама како „In corpore sano“ во изведба на Констракта...
Учениците од ова училиште во Ужице, под силниот впечаток од победничката песна, снимија плејбек имитација од изведбата на „Песна за Евровизија“ и својата професорка, како што кажува и таа самата - ја воодушевиле.
Завчера, на часот по информатика, гимназијалците го снимиле спотот, а вчера видеото ѝ го покажале на професорката по српски јазик, Мирјана Благојевиќ. Како осмомартовски подарок, целиот клас ѝ ја отпеал песната од првиот до последниот збор.
„Не само што ме разгалија со песната и видеото, туку и ме изненади што покажаа интерес за секој стих и побараа на денешниот час да ја анализираме песната. Тоа беше нивната позитивна реакција на изборот на нашиот претставник за Евровизија. Најмногу ги интересираше што значи „немам књижицу“ - зборува за „Блиц“ Мирјана Благојевиќ.
„Им кажав дека самостојните уметници немаат здравствено осигурување и дека нејзиниот пријател од групата починал од таа причина. Потоа, може да значи „здрава сум, надвор од реалноста, не сум подложна на манипулација“. „Немам књижицу“ би можело да се протолкува и со „не сум член на партија“. Ги преведовме стиховите од латински и исто така ги протолкувавме и нив“ - наведува професорката што им кажала на учениците кои внимателно ја следеле анализата на „In corpore sano“.