На едно место од телото не смеете да нанесете парфем: Ако сакате убаво да мириса, купете специјален спреј

На едно место од телото не смеете да нанесете парфем: Ако сакате убаво да мириса, купете  специјален спреј

Објавена во: Мода // Moj стил

Речиси секогаш кога сакате да мирисате убаво за некоја посебна прилика, или пак сте купиле нов парфем кој мириса совршено, истиот го нанесувате на целото тело, без да знаете дека еден дел сепак требаа да го прескокнете. 

Се работи за косата. Но зошто?

Тоа не е добра идеја, предупредуваат експертите, бидејќи парфемите покрај алкохолот содржат парабени и сулфати кои ја сушат косата. Особено е штетно ако оваа навика се практикува секојдневно, бидејќи страдаат и косата и скалпот.

Доколку сакате косата да мириса убаво, купете шампон со убав мирис или спреј за коса. Тие не се штетни колку парфемот, а вашата коса ќе мириса беспрекорно. Сепак бидете внимателни, доколку некои од специјалните спрејови за коса содржат парабен или алкохол, веднаш вратете го на полица.

Инаку, парфемот потребно е да се нанесува на чиста кожа во пределот на вратот и зглобовите, на места каде се чувствува пулсот, бидејќи таму е најинтензивна миризбата и трае најдолго. Ако е потребно, нанесете го и повеќе пати во текот на денот.


Фото: @ribe/instagram/hair


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: