На Инстаграм љубовта цвета, а во реалноста кавги, закани и потполен хаос: Што се случува со Хејли и Џастин?
Обожавателите сѐ повеќе се прашуваат што се случува помеѓу Џастин и неговата сопруга Хејли, бидејќи неговото однесување сѐ повеќе ги преминува границите на пристојноста...
Нивната врска изминативе денови е повторно во центарот на вниманието. Имено, на Интернетот кружи видео на кое Џастин Бибер ѝ вика на сопругата пред многу луѓе.
Видеото е снимено по неговиот настап со диџејот Дипло во еден ноќен клуб во Лас Вегас.
Додека сопружниците со заедно оделе низ казиното, 26 - годишниот пејач ѝ се дерел на сопругата со кренат прст, а изгледало како да е при крај со нервите. За тоа време, младата манекенка само молчела и одела.
Сепак, на Твитер се огласија и некои луѓе кои биле таму и тврдат дека Џастин не ѝ се дерел на сопругата, туку бил полн со адреналин по настапот.
Од друга страна, поголемиот дел од јавноста смета дека тоа не е возбудување, туку чиста лутина, а познато е дека ова не е првпат да се пишува за вакви работи.
Највирално видео е она во кое Џастин излегува од автомобилот и нагло ја затвора вратата, изгнорирајќи го тоа што со неа ја удара Хејли. Тука се најдоа и видеата во кои пејачот од чиста мира ја удара сопругата додека шетаат, како и едно видео на кое тој бега од папараците, оставајќи ја зад себе.
Сепак, женскиот дел од публиката најмногу се згрози од видеото во кое тој, додека Хејли седи покрај него, ги изговара зборовите:
„Да не си толку згодна, одамна би те оставил“.
Сево ова ги згрози нејзините обожаватели, на кои повеќе не им ни јасно што таа прави со него.
„Таа е толку заљубена што не гледа проблем“, „Сирота Хејли“, „Зошто веќе еднаш не го остави“ - се само некои од коментарите под видео од двојката, која сѐ уште се нема огласено во врска со сево ова.
Покрај тоа, двајцата ги побиваат лошите коментари, а на социјалните мрежи и понатаму споделуваат заљубени фотографии или само изгледаат така.
Инаку, и поранешната девојка на Џастин, Селена Гомез, дури неколку години по разделбата проговори за тоа колку нивната повеќегодишна врска со разделби била токсичка.
„Секако дека не сакам до крајот на животот да зборувам за ова, но истовремено сум многу горда на себе, на тоа како се развивам и одам низ сето тоа. Долго молчев и сега најдов начин на кој да разговарам за тоа и како да го раскажам она за што немав можност, па макар тоа да биде низ песна“ - започна Селена.
„Денес, гледајќи на тоа, можам да кажам дека сум била жртва на емоционално насилство. Тоа го разбрав дури кога малку пораснав. Тоа беше убав период и никогаш нема да го заборавам. Сепак, ми беше многу тешко и драго ми е што заврши“ - порача Селена, која со Џастин помина вкупно седум години.