На модната писта може да ги помешате, а сѐ заради тоа што изгледаат слично: Кендал Џенер има близначка? (ФОТО)

На модната писта може да ги помешате, а сѐ заради тоа што изгледаат слично: Кендал Џенер има близначка? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ниту во приватниот живот Нараја не се труди да личи на Кендал...

Со оглед на тоа што Кендал Џенер моментално е еден од најбараните модели на сетот, најверојатно е и најскапа за да се договори да биде дел од ревии, а ова е еден од начините како одредени дизајнери на Модните недели сепак ја имале.

И Кендал Џенер и Нараја Никол беа дел од овогодинешната модна недела и на пистата прошетаа за различни дизајнери. Би било сосема кул ако се фотографираат заедно или заедно прошетаат по пистата. За жал, тоа уште се нема случено, а можно е Кендал да не ни знае дека нејзината „близначка“ била на модната писта. Нараја ја имаа нашминкано и средија за да биде послична со Кендал, и на прв погледно лесно може да ве прелаже и да помислите дека тоа е навистина Кендал, само во помладо верзија. Оние кои го имаат гледано реалното шоу на Кардашијанс, можеби се сеќаваат дека многу слично изгледала таа на почетокот на својата манекенска кариера.

Девојките воопшто не се во никаква роднинска врска и всушност Нараја на пистата изгледаше слично со Кендал поради шминката, но во реалниот живот изгледа малку поинаку. Не се обидува да биде копија на Кендал, но кога е дел од модните ревии, не може да влијае на тоа како ќе биде нашминката и стилизирана.

Како и секогаш, некои гледаат сличност, некои не, но Нараја поради ова би можела да се прослави и да стане многу баран модел.

Токму на ревијата која ја носеше за Роберто Кавали кога ја „претворија“ во Кендал беше моментот кој ја стави под светлата на рефлекторите. На Инстаграм луѓето се воодушевени од неа, а во коментари ѝ пишуваат само пофални зборови.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: