На среќата ѝ нема крај: Столе Димитриевски му ја оствари желбата на Сергеј, му го подари дресот со број 1

На среќата ѝ нема крај: Столе Димитриевски му ја оствари желбата на Сергеј, му го подари дресот со број 1

Објавена во: Спорт // Фудбал

Малиот Сергеј чија желба беше да го добие дресот на македонскиот фудбалер Столе Димитриевски, му се оствари.

Сергеј го привлече вниманието на јавноста со транспарентот на кој пишуваше „Столе го сакам твојот дрес“ за време на натпреварот Македонија-Англија на Националната арена „Тодор Проески“.

Таткото на Сергеј, Оливер Цветковски на социјалните мрежи објави фотографија со Сергеј како го држи дресот на неговиот фудбалски идол и напиша: „Кој чека, ќе дочека. На среќата и нема крај. Фала до небо Столе Димитриевски“.


Инаку 10-годишниот Сергеј е еден од најдобрите македонски фудбалски голмани кој игра за кумановскиот клуб Еуроспорт, а неодамна го одигра првиот натпревар во дресот на Црвена ѕвезда.

Фото: Фејсбук

Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: