На ТикТок кружи опасен тренд: Луѓето почнуваат сами ги вадат протезите од заби, сега стоматолог откри зошто тоа е опасно (ВИДЕО)
Не се обидувајте да го правите тоа дома, можеби ќе ви изгледа како заштеда, но всушност може да направите проблем...
На ТикТок се појави еден луд тренд, во кој луѓето кои носат протези, сами си ги вадат.
Протезите ги отстрануваат на различни начини - со лажици и шноли, а еден ортодонт од Минесота реши да стави крај на овој тренд.
Грант Колинс, кој на ТикТок има скоро 4,7 милиони следбеници, им објасни на луѓето зошто тоа и не е толку добра идеја.
@thebracesguy Taking braces off with a SPOON!?!?!
original sound - The Braces Guy
„Ако сами ги извадите протезите и понатаму имате лепак на забите кој треба да се отстрани со специјална направа, а да не зборуваме за тоа дека вашите заби ќе се поместат назад без држачи“ - предупреди овој стоматолог.
Исто така кажа дека постои опасност забите да се вратат во правобитна состојба и дека поради тоа целиот процес би морал да почне одново.
Но, некои од луѓето кои искоментираа на ова видео не го прифатија стручното мислење.
„Не спомена колку многу пари бараш за да го поправиш сето тоа“ - стоеше во коментарите.
Други се сложија кон ова тврдејќи, со тоа што напишаа дека забарот се плаши дека ќе ги изгуби работата и клиентите.
Факт е дека ортодонските услуги не се најевтини, но исто така, ортодонтите имаат квалифицирано знаење и алатки за сигурно отстранување на протезите. Поради тоа, подобро би било да не се обидувате да правите вакво нешто дома, бидејќи подоцна би можеле да зажалите.
фото: Принтскрин / ТикТок