На ТикТок се шири нов тренд за шминкање: „Revenge makeup“ по крајот на врската доаѓа како терапија за зајакнување на самодовербата (ВИДЕО)

На ТикТок се шири нов тренд за шминкање: „Revenge makeup“ по крајот на врската доаѓа како терапија за зајакнување на самодовербата (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Сите знаеме за изразот „revenge dress“, но што точно подразбира „revenge makeup“?

Пред скоро 30 години, по неверството на нејзиниот сопруг Чарлс, принцезата Дајана облече мал црн фустан, кој одлично ѝ прилегаше на телото.

Модните експерти го нарекоа „revenge dress“, со објаснување дека тоа е најдобриот, најубавиот и најсекси фустан кој би можеле да го облечеме по разделбата со поранешното момче, ,за да им покажеме на сите, но и на него, дека и понатаму сме среќни и згодни. На поранешното момче, може да му биде само жал што не изгубил.

По три децениции постоење и разбирање на терминот „revenge dress“, ТикТок заедницата го претвори овој тренд облекување на шминкање.

@sophieannesmithx Fully inspired by @sarahnewsfx  #revengemakeup #revengemakeupchallenge #escapism #euphoriabirthday #euphoria #euphoriaparty #tanninghacks Escapism. - RAYE & 070 Shake

Под хаштагот #revengemakeup на оваа платформа може да најдете многу туторијали за шминкање, кои вклучуваат совршен изглед со кој ќе му се одмаздите на поранешното момче и ќе му покажете колку сте згодни и убави без него.

Т.н. „revenge makeup“, вклучува малку подраматична шминка, односно похрабра и повпечатлива нијанса на усните, „smokey eyes“, вештачки трепки, контури и нагласени образи.

@sarahnewsfx Replying to @lily REVENGE MAKEUP- Part 2 #revengemakeup #beauty using @Benefit Cosmetics UK brows @L’Oréal Professionnel Paris mascara @vievemuse bronzer @narscosmetics Escapism. - RAYE & 070 Shake

Многу ТикТокерки ги споделија видеата во кои опишуваат како да се нашминкаш, така што на твоето поранешно момче ќе му биде жал што те напуштило, повредило, оставило и изгубило.

Судејќи според коментарите, изгледа дека на девојките им треба нешто вакво, откако ќе бидат изневерени или оставени. Ова шминкање е само еден од начините за кревање на самодовербата кога сте повредени.

По скршеното срце, средувањето од глава до петици доаѓа како терапија. Потребно е главата да се крене високо горе, бидејќи не е крај на светот, а овие ТикТокерки го покажаа токму тоа.

@arwencelis my alter ego be like #revengemakeup #makeup #mua #makeuptok #escapism #transitiontrends stream escapism - #1 the thrill is gone stan

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: