Најавија дует, па заиграа на новиот хит на Теа Таировиќ: Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ ги запалија социјалните мрежи (ВИДЕО+ФОТО)

Најавија дует, па заиграа на новиот хит на Теа Таировиќ: Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ ги запалија социјалните мрежи (ВИДЕО+ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Тие се одличен доказ дека постојат пријателства и на јавната сцена...

Младите пејачки Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ често на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од заедничко поминатото време. Еден убав ден поминаа и изминатиот викенд, а за тоа сведочат фотографиите и видеата кои ги објавија на социјалните мрежи.

Со фотографиите дефинитивно ги израдуваа своите обожаватели. Имени, во описот на истите, Мартија напиша: „Сакате дует?“, а потврдните одговори од страна на обожавателите се доказ дека сите со нетрпение очекуваат овие две млади ѕвезди да ги вкрстат гласовите.

Веднаш потоа, следуваше видео со кое ги запалија социјалните мрежи. Овој пат, на ТикТок се огласи Антониа, која сподели видео на кое танцуваат на новиот хит од српската фолкерка Теа Таировиќ, која ги сподели на својот Инстаграм профил.

@antoniagigovska all mi je u genimaaaa da sam sa kretenimaaaa@martija.stanojkovic original sound -

Што мислите, која подобро танцува?

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: