Најдобриот хрватски фудбалер имал тешко детство: Чувал овци, често немал што да јаде, а потоа сѐ се променило
Животната приказна на Лука Модриќ не била воопшто лесна, но тој успеал да се избори за својот сон и да стане најдобар фудбалер...
Лука Модриќ предизвикува воодушевување со својата животна приказна и патот до голема фудбалска ѕвезда, чија игра многумина ја фалат.
Лука стана првиот играч во историјата која освои „Златна топка“ на Светското првенство, наградата на UEFA за најдобар играч на годината и стана најдобар играч на светот во изборот на FIFA во иста година.
Сепак, за да дојде до листата на најдобри, Лука го „печел занаетот“, а неговиот животен пат воопшто не бил лесен.
И самиот има зборувано за тоа дека имал тешко детство, растел во мало место во близина на Задар, а на планината Велебит како дете бил овчар.
Поголемиот дел од детството Лука го поминал како бегалец во еден хотел, а колку сакал да игра фудбал, говори и фактот што скоро сите прозорци во хотелот ги скршил со топка.
„Лука беше срамежливо и повлечено момче, но со топката тоа веднаш се менуваше. И стануваше жесток, неуморен, вистински борец. Лука неуморно играше фудбал во хотелот, особено во лобито“ - кажа во една прилика, Славко Пернар, тогашниот директор на хотелот, кој подоцна го насочил го ФК Задар.
На самиот почетокот на кариерата наидувал на големи предрасуди, многумина често го оспорувале неговиот талент.
Бројни обожаватели добро знаат дека висината на Лука е 1.72 сантиметри, а поради истата луѓето често го оспорувале неговиот успех.
Тренирал во фудбалското училиште во Задар и потоа неговиот талент го открил Томислав Башиќ, кој верувал во него, иако другите тврделе дека е физички слаб и дека нема иднина за него во овој спорт.
„Секогаш имаше многу предрасуди кон мене, моите квалитети, мојот стил на игра и мојот стас. Ми велеа дека сум премногу кревок за да постигнам големи резултати, но сите овие неволји не влијаеа на мене, само ме мотивираа уште повеќе. Луѓето им судат на другите луѓе, без да ги познаваат, особено во ова наше време со сите тие социјални мрежи и затоа повеќе не ги читам, има круг на блиски луѓе и опкружен сум со позитивни луѓе“ - кажа еднаш хрватскиот капитен, кој денес благодарение на работата и трудот, ужива во сите благодети на животот.
По 8 години стискање во хотелска соба, со родителите и двете сестри се преселил во Загреб, каде прво кратко време живеел во мала соба на стадионот на Динамо, со соиграчите кои му биле цимер, а потоа клубот му дал и стан за користење, каде повторно имал соба, бања и кујна, кој исто така го делел со соиграчите кои биле од други места.
Покрај тоа што клубот од Загреб му помогнал да создаде одлична кариера, Модриќ таму ја запознал својата сопруга Вања. Во брак се 11 години, а Лука е познат по тоа што приватниот живот го чува само за себе. Ги имаат ќерките Софија и Ема, како и синот Иван.
Во 2008 година, Лука премина во Тетенхем за сума од 21 милион евра, што беше рекорден трансфер за Тотенхем.
Во летото 2012 година премина во Реал Мадрид, за неверојатни 35 милиони евра. Со Реал досега има освоено четири Лиги на шампиони и Светски клупски првенства, три европски Суперкупа, еден шпански Суперкуп и уште многу други трофеи.
За Лука Модриќ експертите велат дека е мал човек со големо срце, кое со задоволство го остава на терен.
фото: Принтскрин / Инстаграм