Најдобрите фустани од црвениот килим: Зендаја го претстави гламурот на стариот Холивуд, Џена се издвои во „goth-glam“ креација (ФОТО)
Еве кои актерки ги воодушевија модните критичари, но и јавноста со своите комбинации...
Одржувањето на церемонијата „Actors Association Award“ значеше само едно, дека најголемите холивудски ѕвезди ќе продефилираат на црвениот килим и ќе ги покажат своите гламорозни креации.
Сите секогаш се подготвуваат за црвените килими, но некои ѕвезди навистина посебно се издвоија. Кој беше подобар најдобриот? Да почнеме по ред!
# Џена Ортега
Популарната Венсдеј, од истоимената серија на Нетфликс, вчера покажа што е „goth-glam“. Носеше целосно црн Версаче фустан и црни високи потпетици со платформа. Изгледот го надполни со накит од „Tiffany & Co“.
# Зендаја
Младата актерка на вчерашниот црвен килим го донесе стариот холивудски гламур. Фустанот од модната куќа „Валентино“ во нежно розова боја, извезен со многу цветови во долниот дел, совршено ја нагласи нејзината фигура.
# Кара Делевињ
Манекенката и ѕвезда на серијата „The Only Murders in the Building“ изгледаше како „вамп“ кралица во црниот комбинезон и наметка од модната куќа „Caroline Herrera“.
# Анџела Басет
Актерката воодушеви во жолтиот фустан со сирена крој од модната куќа „Giambatista Valli“.
# Џесика Џестејн
Ѕвездата од серијата „George & Tammy“ изгледаше како принцеза во фустанот на Зухаир Мурад во боја на малина.
# Ана де Армас
На црвениот фустан се појави во креација од „Луј Витон“. Фустанот имаше длабоко деколте со интересни детали - со кадифени панделки на двете прерамки.
# Емили Блант
Актерката на црвениот килим ја донесе пролетта во интензивно црвениот фустан извезен со розови цветови, кој одлично ѝ стоеше.
фото: Принтскрин / Инстаграм