Најдобрите начини за намалување на болките за време на менструацијата!
Многу жени чувствуваат болка за време на менструацијата. За поголемиот број од нив, болката и неудобноста се толку силни што влијаат на вршењето на секојдневните активности.
Сепак, кај некои жени менструациите се толку проблематични што болката го онеспособува нормалниот живот, па мораат да земат слободен ден на училиште и да останат дома неколку дена.
Многу жени го избегнуваат честото користење на таблети, па се потпираат на природната помош. Внимателно пробајте ги наведените предлози додека не пронајдете комбинација која е најсоодветна за вас.
# Умерените вежби помагаат за опуштање на мускулите и ги намалуваат грчевите во матката.
# Додатоците на цинк и калциум ги намалуваат грчевите, надуеноста и сродните симптоми на ПМС - от. Земете и додаток на витамин Б комплекс.
# Земете рибино масло. Тоа содржи супстанци кои ќе ги намалат менструалните грчеви.
# Топлата купка со етерични масла која опушта може да ви ги олабави мускулите.
# Топлите облоги на пределот на абдоменот исто така помагаат.
# По правило треба убаво да бидете облечени, во неколку слоеви и да ја одржувате топлината на целото тело.
# Забавните активности кои ќе ти го одвлечат вниманието од болките се исто така корисни.
# Во случај на силни грчеви, избегнувајте стоење. Многу жени сметаат дека лежењето во положба на фетус олеснува.
# Цврстата масажа на долниот дел на грбот исто така помага.