Најдобро облечени дами на доделувањето на Греми: Освен музички, би требало да им се врачат и стилски награди (ФОТО)

Најдобро облечени дами на доделувањето на Греми: Освен музички, би требало да им се врачат и стилски награди (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Некои ѕвезди едноставно заблескаа...

Доделување на Греми наградите беше можност за познатите дами од музичката сцена да заблескаат во модните креации на црвениот килим.

И модните креации навистина не разочараа. Освен музички награди, требаше да се доделуваат и модни, бидејќи тоа беше вистинска ревија на убавина и стил.

Во продолжение е листата од познати имиња кои воодушевија со својот изглед на доделувањето на Греми наградите:

# Карди Би

Раперката заблеска во фустан од индискиот дизајнер Гаурав Гупта, кој дебатираше со овој фустан на Модната недела во Париз. Кралско сината нијанса ѝ стоеше одлично, а самиот дизајн ја истакна нејзината фигура.

# Адел

За да заблеска на гламурозната вечер, Адел се одлучи за модната куќа „Луј Витон“. Кадифениот фустна во боја на вино, со длабоко деколте и богатите уграси на рамениците, ѝ прилегаше одлично.

# Тејлор Свифт

Младата пејачка се појави во дводелен комплет од модната куќа „Роберто Кавали“ и едноставно заблеска.

# Џенифер Лопез

Го украде целото внимание на сцената кога се појави во фустанот на „Гучи“. Во темносиниот фустан со богати украси и отвори до бутовите, таа едноставно предизвика „леле ефект“ кај присутните.

# Дожа Кет

Дожа на Греми пристигна во многу драматичен црн фустан на „Версаче“, со сирена крој. Изгледот го надополни со црни ракавици и црни обетки. Многу едноставно, а повторно толку моќно.

# Шанија Твен

Пејачката на кантри музика носеше костим со огромни црни точки и цилидар шешир во XXL големина.

# Камила Кабелјо

Камила носеше дизајн на модната куќа „PatBo“. Горниот дел беше направен од бисери, кои беа поврзани со црното здолниште со висок струк, а ваквиот дизајн одлично ги нагласи сите нејзини облини.

# Бијонсе

Пејачката изгледаше спектакуларно во креацијата на модната куќа „Гучи“. Станува збор за фустан со металик сјај и бранови, кој одлично ја истакна нејзината фигура на песочен часовник.

# Лурдес Леон

Ќерката на Мадона се појави во фустан на модната куќа „AREA“, во кој сите помалку не потсети на Џесика Ребит.

# Кејси Масгрејвс

Едноставно беше преслатка во бебешко розовиот комбинезот со пердувеста наметка.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: