Најдобро платените манекенки во светот: Познати се и убави, но и неверојатно богати (ФОТО)
Би можеле да ги наречеме и вистински „бизнисменки“, бидејќи овие девојки знаат да заработат милиони...
Многу девојки ширум светот сонуваат за успех во светот на модата. Многумина се обидуваат да тргнат по тој пат, но само неколку успеваат.
Но, штом еднаш ќе стигнат до центарот на вниманието кај јавноста и ќе ја освојат модната индустрија, таблоидите и социјалните мрежи, стануваат жени кои можат да заработат многу големо богатство.
Од млади манекенки, до оние што се веќе пензионирани, но и понатаму се големи имиња од модните писти, ви ги претставуваме најдобро платените модели во светот.
# Лиу Вен
Кинеската манекенка е една од првите азиски топ модели кои прошетале на пистата на Викторија Сикрет. Во светот на манекенството влезе во 2005 година. Нејзината годишна заработка се проценува на 19 милиони долари.
# Џоан Смолс
Овој модел го познаваме од спотот на Бијонсе за песната „Yonce“. Џоан е позната како прва латиноамериканска манекенка која е заштитно лице на брендот „Estée Lauder“. Порториканката има соработувано со „Луј Витон“, „Гучи“, „Шанел“, „Прада“ и многу други познати брендови, поради што нејзината заработка се искачи на 19 милиони долари годишно.
# Бела Хадид
Во светот на моделингот влезе уште на 16 години, а во 2016 година беше прогласена за најдобар модел на светот. Од тогаш многу пати беше на насловните страници на најпрестижните модни магазини и стана заштитно лице на повеќе луксузни брендови. Освен што е манекенка, таа е и инфлуенсерка со милиони следбеници кои ја следат на социјалните мрежи. Речи се што ќе облече, преку ноќ станува тренд, бидејќи луѓето ги копираат сите нејзини модни комбинации. Како модел годишно заработува и по 19 милиони долари.
# Џиџи Хадид
Како и нејзината постара сестра, така и Џиџи нешто порано влезе во модниот свет и манекенството и уште во 2014 година го зазеде своето место на листата од топ 50 модели на светот. Таа е кралица на модните писти и сите светски брендови се почестени ако Џиџи се согласи да соработува со нив. Како модел, годишно заработува и по 20 милиони долари. Освен со манекенство, таа лансираше и сопствена линија на облека, а работи и на новиот проект на Нетфликс „Next in Fashion“, каде се испроба во улогата на водител.
# Кара Делевињ
Оваа 30-годишна дама од својата манекенска работа заработува и до 30 милиони долари годишно. Во светот на менекенството влезе во 2009 година. Оттогаш соработува со врвни модни дизајнери и куќи. Освен во моделингот, се испроба и во актерството.
# Адриана Лима
Адриана е една од ангелите на Викторија Сикрет со најдолг работен стаж во историјата. Убавата Бразилка уште во 2014 година го зазеде второто место помеѓу најплатените модели на светот. Нејзината годишна заработка како модел се проценува на 30 милиони долари годишно, додека генералната нето вредност на оваа 40-годишна дама се проценува на 95 милиони долари.
# Рози Хантингтон - Вајтли
Ја знаеме како ангел на Викторија Сикрет, но соработувала и со други истакнати брендови и модни куќи, што ѝ донесоа годишна заработка од 32 милиони долари. Иако Рози се повлече од модните писти, таа сè уште продолжи да работи рекламни кампањи и фото сесии. Исто така, го лансираше и својот бренд за козметика - „Rose inc“.
# Криси Тајген
Оваа менекенка дефинитивно е поранешна ѕвезда на насловната страница на „Sport Illustrated“. Своето деби го имаше во 2010 година, а во манекенството влезе сосема случајно. Во продавницата каде што работела ја забележале модните агенти и ѝ понудиле работа. Таа стана едно од најголемите имиња во светот на манекенството, заштитно лице на меѓународните магазини, водителка во ТВ емисии и инфлуенсер со милиони следбеници на социјалните мрежи. Како модел, нејзината заработка се проценува на 40 милиони долари, но нејзината генерална нето вредност се проценува и на двојно повеќе.
# Кендал Џенер
Првпат титулата најплатен супермодел на светот ја доби во 2018 година, кога „Форбс“ објави статија во која тврди дека таа година заработила 22,5 милиони долари. Таа е предводник на т.н. „инстамодели“, поради големиот број следбиеници на социјалните мрежи и отстапување од поимот традиционално манекенство, кое вклучува исклучиво појавување на модните писти. Се проценува дека минатата година заработила 40 милиони долари, а за голем дел од заработката може да се заблагодари на спонзорствата.
фото: Принтскрин / Инстаграм