Најголемите грешки што ги правиме кога ги четкаме забите: Поради овие 4, вашите заби ќе бидат помалку бели и помалку здрави
Миењето заби не е некоја пропратна работа...
Два пати дневно е задолжително да се мијат забите, а не само неколку секунди да се тријат со четката и да се продолжи понатаму. Ако не се грижиш за забите на вистински начин, ни тие нема да изгледаат убави, ниту ќе бидат здрави.
Секогаш сме изненадени од статистиките кои повремено излегуваат и кои зборуваат за тоа колку лоша дентална хигиена имаат луѓето. Од тоа што некои не ги ни мијат редовно, до тоа дека се прават некои големи грешки, кога е нивното миење во прашање. Миењето заби не е нешто што треба да се заврши за 3 секунди. Особено ако сакаш забите да ти бидат убави и здрави, би требало да им дадеш малку поголемо внимание и да внимаваш што и како правиш. Одењето на стоматолог не е пријатно, а на овој начин можеш да го намалиш. Тоа е само уште една причина зошто би требало редовно да ги миеш забите. Стоматолозите за „Daily Mail“ ги открија 4-те најголеми грешки кои луѓето ги прават кога ги мијат забите. Ако правиш нешто од ова, време е да ја промениш навиката.
# Не користење на конец за заби
Секој знае дека забите треба да се мијат два пати на ден, но многумина не знаат дека треба и редовно да се мијат со конец. Многу е тенок и може да стигне до места каде што четката за заби не може. Треба дури и да се користи секој ден! Со забен конец се отстранува плакот од под линијата на непцата, што може да ја еродира забната глеѓ и да предизвика забен камен, како и да го намали ризикот од гингивитис, расипување на забите и веројатноста тие непца да станат воспалени, болни и црвени. Покрај сето тоа, забите на овој начин ќе ви бидат побели.
# Миење заби само наутро
Некои ги мијат забите наутро за да не мирисаат кога ќе ја отворат устата, но не ги мијат навечер, зошто зошто? Како и да е, одам да спијам. Не ги миеме забите само за да не ви мириса устата. Миењето на забите ноќе е уште поважно од четкањето наутро. Само запомнете дека сте јаделе и пиеле сè во текот на денот! И тогаш со сето тоа одите на спиење. Доколку не ги миете забите навечер, полесно ќе се залепат на нив штетните наслаги кои можат малку по малку да ги уништат. Исто така, не е доволно да ги миете неколку секунди, туку како што велат овие стоматолози, најмалку две минути!
# Миење заби наутро дури по појадокот
Многу луѓе не ги мијат забите наутро додека не појадуваат, но тоа не е добра навика. Ова може да ви направи повеќе штета отколку корист. Во текот на ноќта бактериите се акумулираат во устата, кога наутро појадувате или пиете кафе, само ги храните повеќе и потоа почнувате да создавате киселина која ја уништува забната глеѓ. И тоа не е се. Со четкањето на забите по појадокот, кога вашата глеѓ е омекната, ја поттикнувате оваа претходно спомената киселина да навлезе во вашите заби и да направи уште поголема штета. Првата работа што треба да ја направите наутро е да ги измиете забите. После тоа појадувајте.
# Користење на забите како алатка за отворање или кинење работи
Тоа не е нивна функција и не треба да ги користите за таа цел. Забите не треба да ги користи за да скинете етикетите од облеката, да отвора пластично шише со вода или да отвора пластично пакување. Забите не се вашиот џебен нож. Ако ги користите за овие цели, ги уништувате малку по малку и забите може да почнат да пукаат. Освен што ќе ги оштети забите, ќе ги оштети и непцата. Накратко, подобро земете еден пар ножици.
фото: freepik.com