Најлошите изданија од црвените килими во 2022: Се присетуваме на комбинациите со кои девојките потфрлија (ФОТО)
Кич, невкусна голотија и промашени модни комбинации...
Сите дами, во желбата да заблескаат на црвените килими, со недели и месеци ги смислуваа своите модни комбинации. Огромната желба за да заблескаат модно и да се издвојат од масата, може да резултира со апсолутно промашување.
Нешто што требало да биде врв во модниот свет, се претвори во модна катастрофа.
На секој може да му се случи да погреши, па така решивме да ве потсетиме на сите оние модни катастрофи од црвените килими, кои се случија во текот на 2022 година.
# Џиџи Хадид
Уредниците на модните магазини се прашуваа што ѝ се случувало на оваа менекенка додека ја одбирала комбинацијата за Мет Гала 2022. Носеше црвен корсет и црвени латекс панталони, а огромната јакна, во потполност ја изеде.
# Емили Ратајковски
Убавата Емили се најде на врвот на листата на најлошо облечени на Мет Гала, а за сѐ е виновно карневалското издание. Мониста, реси, тул, мрежа, тантела и свила... Сето тоа беше спакувано во еден фустан и сето тоа едноставно беше „премногу“.
# Џулија Фокс
Неспорно е дека оваа актерка има прекрасна фигура и исто така неспорно е дека голите густани не се ништо невообичаено на црвените килими. Меѓутоа, помеѓу модните критичари, голиот фустан на оваа актерка не го предизвика тој „вау“ ефект. Како да бил правен за некој друг, па поголемиот дел од нив се сложија дека ѝ изгледа помалку чудно.
# Тајла Паркс
На доделувањето на Греми 2022, пејачката се трансформираше во својата омилена билка. Во зелен комбинезот со сијалични и жолти чизми, глумеше кактус.
# Самер Вокер
Пејачката на доделувањето на BET наградите се појави во топлес, а брадавиците ги прекри со златни налепници. Остатокот од нејзината комбинација повеќе откриваше, отколку сокриваше. Наводно нејзиниот дизајнер во текот на создавањето на оваа креација бил инспириран со традиционалниот накит на народот Хмонг. Потоа, дизајнерот и пејачката, беа обвинети за културно присвојување од страна на припадниците на групата која живее во југоисточна Кина.
# Били Ајлиш
Били се најде на врвот на листата на најлошо облечени на 94-тото доделување на Оскарите. Обемниот црн фустан целосно го сокри нејзиното тело. Тоа мрачно црно издание дури и не ѝ одговараше на нејзиниот тен.
# Џанел Моне
На „Vanity Fair“ забавата на Оскарите изгледаше како некој да ѝ го исекол фустанот со ножици и потоа брзо го поправил, за да се појави на црвенито килим.
# Лизо
Уште еден огромен црн фустан кој целосно го сокри телото и силуетата на пејачката. Изгледа како да е направен од црни најлонски ќеси за ѓубре. Пејачката се пожали и дека ѝ било топло во таа комбинација. Ѝ веруваме, бидејќи материјалот изгледа вештачки.
фото: Принтскрин / Инстаграм