Најпопуларна серија на светот: Критичарите не ја сакаат, а гледачите се воодушевени
Сите посакаа да ја погледнат!
Околу оваа серија настана тотална лудница. Сите зборуваат за неа, сите ја гледаат или пак сакаат да ја погледат. Дали е ова оправдано или не, зависи од вкусовите, но бројките го покажуваат своето.
Нетфликс уште еднаш се најде на првото место кога се во прашање сериите. Пронајде рецепт за успех, а сега тоа го докажа уште еднаш. Серијата која неодамна ја објави ги руши сите рекорди на гледаност. Од моментот кога „The Witcher“ ја објавија на Нетфликс, целиот свет не престана да зборува за неа. Иако некои не ја сакаат, други ја обожаваат, сепак сите ја гледаат. Без разлика дали сте љубител или не на овој фантастичен / авантуристкички / драматичен жанр, сигурно, доколку веќе не сте потклекнале ќе погледнете барем неколку епизоди од оваа серија.
Серијата е направена по серијалот книги на полскиот автор Andrzej Sapkowski. Бројките покажуваат дека само за една недела во САД ја гледале околу 127 милиони луѓе. До тие податоци дојде компанијата Parrot Analytics која ги истражува сериите и нивните гледачи по неколку клучни точки. Истражуваат колку гледачите може да се поврзат со некоја серија или емисија, така што внимаваат на се - од обични лајкови на содржините до преземањето и емитирањето на епизодите. Зошто „The Witcher“ имаше ваков успех? Еден од претставниците на Parrot Analytics дојде до заклучок дека сериите кај кои веднаш излегува цела сезона, веднаш ги освојува гледачите.
Критичарите не се многу воодушевени од серијата, истата доби лоши оценките, но гледачите не се сложуваат со ова.