Најпопуларната блуза на Инстаграм од 540 долари

Најпопуларната блуза на Инстаграм од 540 долари

Објавена во: Мода // Moj стил

Дизајнерката Алана Џонсон ја направи блузата која е хит на Инстаграм. Според објавите на социјалната мрежа на жените кои си ја купиле, ова ќе биде најродавано парче за сезонава.

Популарноста на блузата наречена „Night Out“ од минатата пролет до сега, со помош на социјалните медиуми двојно порасна. Инстаграм придонесе брендот на Алана со потпис на Орсенд Ирис да има 140.000 следбеници.

Меѓу оние кои го следат брендот се и Емили Рајтаковски и Бела Хадид. Блузата е инспирирана од викторијанската ера, и истовремено е класична и провокативна. 

Ја красат  рачно изработени набори околу половината, гол грб и машна која се врзува околу половината, деколте кое доаѓа во преден план и широки ракави кои можат да станат ѕвонести ако не се закопчаат. Моделот е направен од сатен и се продава во две бои: темносина и во боја на шампањско. 

Може да се комбинира и со сосема обични фармерки, затоа што блузата самата по себе изгледа богато. Стилската блуза чини 540 долари.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: