Најпознатите плус сајз модели на светот: Тие се доказ дека убавината доаѓа во сите големини (ФОТО)
Ова се жени кои им пркосат на наметнатите идеали за убавина...
Иако некои ги обвинуваат дека ја промовираат дебелината како нешто убаво и пожелно, плус сајз моделите се борат само против омаловажувањето на телото и наметнатите идеали за убавина според кои долго време екстремната тенкост беше нешто кон што треба да се стремиме.
Плус сајз моделите се залагаат за прифаќање на здравите женски облини и прифаќањето на нестандардните големини, а благодарение на нив, милиони жени ширум светот можеби почнаа да гледаат на нивните тела со поинакви очи и почнаа да се чувствуваат убаво и привлечно.
Ова се најпознатите плус сајз модели во светот кои само го потсетија општеството дека убавината доаѓа во сите големи.
# Ешли Греам
Таа беше првиот плус сајз модел кој ја красеше насловната страница на „Sports Illustated“, а потоа ги красеше и насловните страници на „Вог“, „Космополитан“ и многу други истакнати магазини. Манекенката секако го редефинираше начинот на кој се гледаше на женското тело, а ја напиша и книгата „What Confidence, Beauty and Power Really Look Like“.
# Клои Маршал
Клои ја освои титулата Мис Сари во 2008 година и беше првата плус сајз манекенка која стигна до финалето на Мис Англија. Ова ѝ даде ветар во грбот и се пресели во САД и почна да работи како модел за брендови кои се специјализирани за облека за плус сајз. Иако денес повеќе не е само плус сајз, туку повеќе е модел со средна големина, таа продолжува да ги шири верувањата дека не мора секогаш да сте слаби и високи за да ве сметаат за убави.
# Кендис Хафин
Кендис е на топ листите за модели со плус големина и тоа повеќе од една деценија. Покрај тоа што е супермодел, таа трча и маратон и на сите им докажува дека не мора да се биде слаб за да се биде во форма. Покрај тоа, таа е сопственичка на линија долна облека за плус сајз.
# Искра Лоренс
Еден од најбараните плус сајз модели во светот, исто така, сака да ги користи социјалните мрежи за да промовира позитивен став кон сопственото тело и ги потсетува луѓето дека сè што гледаат на социјалните мрежи не е секогаш реално. Таа води и канал на Јутјуб, каде објавува детали од нејзиниот живот, зборува за менталното здравје и ги охрабрува своите обожаватели да го сакаат својот изглед.
# Тара Лин
Американскиот модел најчесто снима кампањи за долна облека и костими за капење. Со оваа работа почнала да се занимава на 28 години, а до денес, оваа 40-годишна манекенка ги има красено насловните страници на „Elle“ и „V Magazine“. Работела со многу познати брендови, меѓу кои и „H&M“.
# Робин Лоули
Таа е најпознатиот плус сајз модел кој доаѓа од Австралија. Се појави во кампања за Ралф Лорен, а ја красеше и насловната страница на италијанскиот „Вог“. Освен на социјалните мрежи, таа и на својот блог „Robyn Lawley Eats“ ги охрабрува девојките да ги прифатат своите тела. Во 2015 година, сето она што се наоѓаше на блого, го преточи во истоимената книга.
# Флувија Лацерда
Таа е првиот плус сајз модел кој се најде на насловната страница на „Плејбој“ во Бразил. Потоа, таа се пресели во САД, каде што ја започна својата кариера како модел. Има работено со светски познати брендови за облека, а лансираше и своја линија на долна облека.
# Барби Фереира
Американската манекенка и поранешна ѕвезда на серијата „Еуфорија“, уште како тинејџерка почнала да се занимава со манекенство. Магазинот „Тајм“ ја стави во листата на највлијателни тинејџерки во 2016 година.
фото: Принтскрин / Инстаграм