Најтажната принцеза видена со сопругот прв пат откако со месеци се лекуваше: Еден детаљ сите ги загрижи (ФОТО)

Најтажната принцеза видена со сопругот прв пат откако со месеци се лекуваше: Еден детаљ сите ги загрижи (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Принцезата Шарлин за прв пат се појави во јавноста од ноември минатата година кога беше хоспитализирана поради исцрпеност.

Принцезата Шарлин последнава година се бореше со одредени здравствени проблеми, поради што беше одвоена од семејството, а ретко се појавуваше во јавноста, што многумина ги загрижи.

Викендов таа за прв пат оттогаш се појави во јавноста, во Монако. Таа беше фотографирана со нејзиниот сопруг, принцот Алберт, а со нив беа и нивните седумгодишни близнаци, принцезата Габриел и принцот Жак.

Двојката во последните месеци ретко е видена заедно, а причина за тоа е фактот што Шарлин поголемиот дел од минатата година го поминала во Јужна Африка, откако за време на нејзиното хуманитарно патување и бил дијагностициран хроничен синузитис. Поради болеста завршила во болница поради што ѝ било оневозможено враќањето во Монако, јавуваат странските медиуми.


А откако конечно пристигна во Монако во ноември, набрзо го напушти бидејќи поради исцрпеност заврши во Швајцарија.

Ова јавно објавување е прво на семејството откако Шарлин се врати од лекување.

Принцезата за оваа прилика избра сива комбинација на облека, кратката руса коса ја среди во уредна фризура, но сите ги загрижи нејзиниот малку изгубен и замислен изглед.

И додека палатата го објаснуваше фактот дека принцезата се повлече од јавноста со состојбата на хроничен замор, многумина мислеа дека можеби станува збор за проблемите во бракот на принцот и принцезата, но од палатата тоа остро го демантираат.

Да потсетиме, Алберт и Шарлин се венчаа во 2011 година, а гласините за нивното несогласување започнаа уште тогаш.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: