Направи си маска за мека и сјајна кожа
Пилингот од зелен чај може да се користи на вашето лице и тело. Уште подобро е тоа што пилингот е евтин, а неговата подготовка трае 5 минути.
Потребни состојки:
- 1 голема лажичка рефус зелен чај
- 1/2 шолја шеќер
- 1 лажичка маслиново масло
- 5-10 капки етерично масло (по желба)
Помешајте го шеќерот со листовите зелен чај. Потоа, додадете го маслиновото масло и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Ваквиот пилинг треба да се чува на суво и темно место, а истиот има рок од 4 месеци.