Нарачала панталони и ги платила 30.000 денари: Она што ѝ пристигнало предизика урнебесни коментари

Нарачала панталони и ги платила 30.000 денари: Она што ѝ пристигнало предизика урнебесни коментари

Објавена во: Мода // Moj стил

Една корисничката на ТикТок се разочара кога ја доби својата нарачка...

Пандемијата предизвикана од коронавирусот не „натера“ сите многу почесто посакуваните работи да ги нарачуваме онлјан. Понекогаш работите кои ги нарачуваме изгледаат идентично како на фотографиите поради кои сме се одлучиле да ги купиме, а понекогаш се до таа мера поинакви што доживуваме шок кога поштарот ќе ни го донесе пакетот.

Во видеото кое стана вирално на ТикТок и кое досега е погледнато од над 2,9 милиони луѓе, две девојки го споделуваат искуството од купување на панталони кои чинеле околу 30.000 денари во доларска противвредност. Едната од нив посакала да ги има, а другата ја снимала нејзината реакција кога посакуваните панталони ѝ стигнале на домашната адреса.

„Начара некои фармерки преку интернет откако го виде огласот“ - напиша Ем во видеото кое го сподели на ТикТок.

@emareeeeeeeeeeeee

ok they kinda slap tho ##hellonhood ##fyp ##fashion ##princeharry ##oprah @huntergeigerr101

Spongebob - Dante9k

Ги прикажа и фармерките, кои се урнебесно долги, толку што кога ги проба, вишокот материјал од ногавиците изгледа како пар пераи.

Подоцна во видеото, Ем призна дека фармерките изгледаат „неверојатно слатко“, откако нејзината пријателка го збрчкала вишокот материјал, сфаќајќи дека така треба да се носат т.н. „комплексни фармерки“ каде што се собира ткаенината од фармерки над чевлите.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: