Научниците советуваат – Математика полесно се учи со музика!
За побрзо да ги совладате математичките операции, најдобро е да ги решавате со музика – советуваат научниците од Универзитетот во Сан Франциско.
Бидејќи повеќе училишта во Калифорнија учествувале во експерименталниот час, потвредено е дека учениците се поефикасни доколку пресметуваат со некоја фина аудио позадина, бидејќи тогаш концентрацијата им е подобра, а мислите фокусирани.
„Тестовите покажаа дека мелодијата на гитара најмногу помага во разбирање на алгебрата и геометријата“ – вели д-р Доналд Ебигејл, лидерот во тимот. „Постои дури и програма под назив ’академска музика’, во која се користат инструменти кои му одговараат на увото, кои не го замараат мозокот, туку го поттикнуваат да работи.
Доколку се покаже успешен и во понатамошното тестирање, може да биде усвоено во сите училишта во Калифорнија. Така повеќе млади би ја совладале и засакале математиката, која баш и не е популарен предмет.