Не постојат пократки: Хејли Бибер ги облече најкратките шорцеви кои некогаш сме ги виделе (ФОТО)
Се надеваме дека ова не е нов тренд...
Кратките шорцеви изгледаат како нешто што се носело во 2000-тите години, кои никој не сака повторно да се вратат во мода. Тие се супер кратки, а имаат и ултра низок струк. Потребно е многу малку материјал за изработка на овие шорцеви, но и многу храброст за да се носат.
Во 99% од случаите ја обожаваме и сакаме да ја копираме Хејли, а ова е еден од оние 1% од случаите кога само посакуваме тоа што таа го носи да не стане нов тренд. Ова не е првпат сопругата на Џастин Бибер да ја добие заслугата што е нешто што станува нов тренд. На едно од новите сториња објави фотографија од комбинацијата што ја носи, а коментарите за неа се безбројни.
Таа најверојатно ги носеше најкратките шорцеви што постојат на овој свет. Нешто што изгледа како да се дојдени од 2000-тите, бидејќи се носеле тогаш. Тие се многу кратки, а имаат и супер низок струк. Многу ризична комбинација. И како шлаг на торта, тие се и кожени. Не секој би се осмелил да облече вакво нешто.
Во комбинација со долг кожен капут, комбинацијата изгледа опасно и како да е дојдена од „Матрикс“. Ако некој може да го износи, тогаш тоа е Хејли. Целата комбинација е од луксузниот бренд „Ferragamo“, а облеката е дел од нивната нова колекција за есен 2023 година. Можно е Хејли да биде дел од ревијата за нивната модна куќа, па сега имала проба на парчињата облека.
Ова можеби е навестување дека модните куќи ги враќаат во мода панталоните со низок струк и не се откажуваат од нив. Минатата година, исто така се шпекулираше дека тие се враќаат во мода, но тој тренд не заживеа толку. Можеби оваа година ќе се случи тоа.
фото: Принтскрин / Инстаграм