Неделен хороскоп 29 мај-4 јуни: Јарците и стрелците ги очекуваат промени на љубовно поле
Овен
Многумина ќе бидат на ваша страна, но не ви е гајле. Најважно ви е да го направите она што е потребно во текот на денот и да ги завршите деловните преговори. Емотивната страна е во втор план и тоа е најдобро за вас.
Бик
Ќе бидете под влијание на луѓе под знакот Риби кои ви даваат деловна поддршка. Не размислувајте премногу за љубовните врски, најважно е веднаш да реагирате. Здравјето ви е многу стабилно.
Близнаци
Вашата семејна ситуација се смирува благодарение на вашата способност да ставите сè во ред. Деловните односи се многу специфични бидејќи не можете да склучите договор како што сакате. Внимавајте на исхраната.
Рак
До крајот на денот поволни вести за деловни преговори со личност под знакот Јарец. Обидете се да се свртите кон другите бидејќи на тој начин постигнувате одлични деловни резултати. Грижете се за вашиот 'рбет.
Лав
Во наредниот период се очекува многу од вас кога се во прашање односите со партнерот. Ќе бидете премногу фокусирани на другите и на тој начин ќе се занемарите себеси и вашите желби и потреби.
Девица
Месечината го активира вашето поле на деловни соработници и ќе бидете фокусирани на тој дел од бизнисот. Внимавајте на вашето здравје, бидејќи можни се проблеми од хроничен тип, особено кога се во прашање помладите припадници на овој знак.
Вага
Во текот на денот ќе дознаете интересни вести и информации во врска со некој нов деловен проект. Личноста под знакот Овен е голема пречка која ви е испратена, иако тоа не сакате да го признаете. Здравјето е задоволително.
Шкорпија
Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност од минатото, особено кога се во прашање емоциите и страста. Не дозволувајте некој да ја уништи вашата моментална врска поради вашата потреба да се осветите.
Стрелец
Семејната ситуација е стабилна затоа што вложивте многу сила и енергија за да ги средите работите. Пазете се од нагли промени во љубовната смисла бидејќи партнерот ви замерува за многу работи.
Јарец
Месечината активира се што сте завршиле во бизнисот и мислите дека се е во најдобар ред. Емотивно бурно ќе реагирате на деловните соработници бидејќи не очекувате одредени работи во нивното однесување.
Водолија
Денеска ќе дознаете неколку шокантни вести во врска со деловната ситуација на вашиот партнер и тоа многу лошо ќе влијае на вашите емоции. Обидете се да се дистанцирате и да не го доживувате како свое.
Риба
Во кругот на деловните соработници вие сте некој кој важи за голема емотивна личност и не дозволувајте другите да ве нарекуваат поради вашите изливи на емоции. Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност под знакот Јарец која ви посакува деловен успех и помош.