НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Близнаците најсреќни, Вагите пред нов предизник
Овен
Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со друштвото. Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за другарките и другарите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Викендот ви носи пријатно изненадување.
Среќен ден: сабота
Бик
Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Кон крајот на неделата ќе следи повик од личност со која не сте биле во контакт извесно време.
Среќен ден: четврток
Близнаци
Наместо да изглегувате и да шетате, останете во својот дом и уживајте во добар филм. Оваа недела изгледа синдромот на среќата не може да биде на повисоко ниво. Ќе ве обземе одлично расположение во текот целата недела.
Среќен ден: среда
Рак
Можна е мала расправија со симпатијата, но со разговор сѐ може да се реши. Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето. Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. Фатете се за учење и бидете активни.
Среќен ден: понеделник
Лав
Оваа недела планетите ќе ви донесат позитивни вибрации и подобрување на вашата финансиска состојба. Неделава потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Случувањата кои ќе ги искусите ќе ви бидат од големо значење во понатамошната иднина.
Среќен ден: понеделник
Девица
Некое ново лице ќе се појави во вашиот живот и ќе направи разлика. Некој социјален настан или групна активност може да ве доведат до контакт со многу луѓе, без разлика дали се работи за блиски пријатели или повремени познаници.
Среќен ден: сабота
Вага
Ова недела за вас е многу добра, бидејќи би можел да се појави предизвик кој ќе донесе нов пресврт во вашиот живот. Физички, во текот на оваа недела ќе се чувствувате многу силно и енергично, а исто така ќе бидете подготвени за извршување на сите обврски.
Среќен ден: вторник
Скорпија
Ве очекува возбудливо изненадување кое ви го подготвува вашата симпатија. Потрудете се да обрнете повеќе внимание на вашиот изглед, не се опуштајте за време на викеднот. Можеби почетокот на неделата нема да ви биде онака како што треба, но кон крајот на недела сѐ ќе се среди.
Среќен ден: петок
Стрелец
Планетите ви даваат можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе. Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа.
Среќен ден: среда
Јарец
Неделава, планетите ќе ви донесат возбудливи изненадувања, бидете подготвени. Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвикаат голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики.
Среќен ден: недела
Водолија
Неделава ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можеле да очекувате мал шопинг со вашата мајка.
Среќен ден: петок
Риби
Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана! Времето поминато со симпатијата е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале.
Среќен ден: четврток