Неделен хороскоп: Изненадувања за Лавовите, успех за Девиците...

Неделен хороскоп: Изненадувања за Лавовите, успех за Девиците...

Овен
Неделава ве очекуваат големи успеси, треба да вложите само малку труд. Кон крајот на неделата ќе запознаете личност која ќе можеби ќе стане ваша идна симпатија. Не залетувајте се и не избрзувајте, оставете времето да работи во ваша полза.
Среќен ден: петок

Бик

Неделава ќе ви се подобри состојбата со родителите, а и со наставниците. Негативното однесување спрема симпатијата нема да ви донесе ништо добро. Кавгите не решаваат ништо, затоа спуштете ја топката и признајте дека грешите.
Среќен ден: вторник

Близнаци
Зграпчете ги можностите кои ви се нудат за да ги исполните зацртените цели.Планетите најавуваат исполнување на некоја посакувана желба.Внимавајте, некој од друштвото сака да ви наштети и да ве повреди.
Среќен ден: петок


Рак
Не сфаќајте го училиштето како проблем, со малку труд ќе ги постигнете посакуваните резултати. Оставете времето да ги реши вашите љубовни проблеми. Соочете се со проблемите, периодов е совршен за разговори со најблиските.
Среќен ден: вторник


Лав
Искористете ја вашата креативност и бргу ќе ги постигнете посакуваните резултати. Кон крајот на неделата ќе имате интересна средба. Оваа недела ќе ви донесе многу изненадувања, но и многу интересни дружења и забави.
Среќен ден: сабота


Девица
Неделава ќе бидете иницијатор на многу училишни и вонучилишни активности. Ве очекуваат нова симпатија и многу среќни моменти. Сите ќе бидат задоволни од вас и ќе уживаат во позитивната енергија со која изобилувате.
Среќен ден: понеделник


Вага
Сакате да постигнете сѐ, но немате доволно енергија, одморете малку. Негативната енергија ќе ја замените со многу позитивни чувства. Побарајте помош од друштвото за да ги разрешите дилемите.
Среќен ден: петок


Скорпија
Ако сакате оценките да ви останат непроменети, време е да почнете да учите. Ви следи пријатен разговор со симпатијата, а ќе слушнете и убави работи за вас. Побарајте совет од друштвото околу домашните задачи и нејасните лекции.
Среќен ден: четврток


Стрелец
Ѕвездите ви предвидуваат одлични резултати на училиште, но ќе треба и вие да вложите малку труд. Во потрага сте по нова симпатија. Не избрзувајте, ќе наидете на љубовно разочарување. Ви претстои период полн со изненадувања, другарувања и многу забава.
Среќен ден: среда


Јарец
Не оставајте ги обврските за последниот момент, започнете да учите навреме.Ве очекува нова симпатија чиешто однесување пријатно ќе ве изненади.Многумина ќе сакаат да ги решат вашите проблеми и да ви нудат совети.
Среќен ден: сабота


Водолија
Се ближи крајот на учебната година, време е да го загреете столчето. Проблемите поврзани со училиштето ќе исчезнат кога ќе дознаете дека некој е вљубен во вас. Не слушајте што ви велат, следете го срцето и верувајте им на сопствените чувства.
Среќен ден: петок


Риби
Ве очекуваат солидни оценки, продолжете да се трудите и ќе постигнете одлични резултати. Скршеното срце полека заздравува, ве очекува нова симпатија. Размислете каде погрешивте и обидете се да ја поправите грешката.

Среќен ден: вторник


Можеби ќе ве интересира: