НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Комлицирана љубовна ситуација за неколку знаци

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Комлицирана љубовна ситуација за неколку знаци

Овен

Ве очекува лоша организација на активностите, па можни се мали проблеми поради тоа. Љубовната ситуација е во кратко затишје, бидејќи не се чувствувате подготвени за врска.

Бик

Нема да имате проблеми или промени за време на овој период. Кога е во прашање љубовта, можете да очекувате повеќе од едно ново познанство.

Близнаци

Доколку се занимавате со некое хоби, можно е да ве очекуваат повеќе компликации отколку што мислите. На полето на љубовта сте збунети и имате лоша комуникација со саканата личност.

Рак

Не е поволен период за патувања, ниту за занимавање со трговија или комуникација. Љубовната ситуација е комплицирана, особено доколку сте биле неискрени со партнерот.

Лав

Ве очекуваат осцилации, но самите донекаде сте одговорни за тоа. Кога е во прашање љубовта не би требало да имате проблеми, партнерот е секогаш тука за вас.

Девица

Ве очекува пасивна фаза, не е момент за нови проекти. На полето на љубовта се можни компликации доколку сте во врска, а доколку сте слободни очекувајте познанство со Рак.

Вага

Нема да имате премногу обврски. Ве очекува сосема доволно време да се посветите на своите идеи. Љубовните ситуации е интересна, бидејќи пробувате да освоите една необична личност.

Шкорпија

Фазата во која сте биле ве одминува, па сега конечно имате малку време да воздивте. На полето на љубовта ве очекува интересна ситуација, особено доколку ви се допаѓа некој Бик.

Стрелец

Можни се недоразбирања со родителите, пред се околу финансиите. Кога е во прашање љубовта чувствувате некои тегобии кога размислувате за саканата личност.

Јарец

Не слушате ничии наредби и правите по свое. Љубовната ситуација не се менува, бидејќи ви годи да бидете слободни - уживате во тоа.

Водолија

Склони сте кон носење на погрешни одлуки. На полето на љубовта не ве очекуваат големи промени за време на овој период.

Риби

Можни се мали недоразбирања со родителите или пријателите. Кога е во прашање љубовта може да имате многу убави и пријатни случувања со партнерот.

Можеби ќе ве интересира: