НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Љубов од соништата за неколку знаци
Овен
Имате добро претчувство и успехот е пред вас. Ќе чувствувате дека се наоѓате на емотивна раскрсница и со задоволство прифаќате различни предизвици. Љубовните случувања кои се на пат имаат необична убавина и ве исполнуваат со позитивно расположение.
Бик
Носите многу одлуки и делувате одлучно во своите намери. Ви преостанува да го спроведете во дело она што сте го планирале. Имате добро претчувство, а љубовните настани кои ги чувствувате најавуваат среќен расплет во односот со саканата личност. Понекогаш е најдобро да го следите само внатрешното чувство и да не зборувате премногу.
Близнаци
Прифативте премногу обврски кои полека почнуваат да ве замараат и сега сте во потрага по инстат решенија за да можете да се посветите на некои омилени работи. Искуството ве опоменува да направите емотивна дистанца во односот со некои сомнителни личности или ситуации. Потпрете се на својата интуиција, доброто чувство никогаш нема да ве изневери.
Рак
Делувате како личност која нема време за некои површни средби или за настани кои не се вклопуваат во вашата сфера на интерес. Важно ви е на вашето семејство и сакана личност да им подарите повеќе радости во заедничкиот живот. Среќата е кај нив да наидете на топол прием и на разбирање. Ќе ви годи нечие емотивно внимание.
Лав
Размислете за да промените одредени критериуми и услови во договор со пријателите, за да ја подобрите вашата позиција во друштвото. Во емотивен занес сте подготвени да направите нешто посебно за да го импресионирате вашиот партнер.
Девица
Со склоп со вашите приорите кои сте ги поставиле имате своја визија и не сакате да прифатите компромисни решенија кои ви ги предлагаат пријателите. Искуството ве опоменува да направите дистанца во односот со една личност. Чувствувате дека таа не е за вас.
Вага
Делувате енергично на средбата со пријателите и поставувате нови барања во исчекувања дека сите ќе ви бидат исполнети. Љубовните проблеми прифатете ги како пролазна фаза, бидејќи се се свердува на нов поттик или добар имплус кој ве води кон емотивно зближување со партнерот. Потпрете се на своите „скриени адути“.
Шкорпија
Активно учествувате во различни преговори и започнувате иницијатива за да има подобри услови за успех. Партнерот на вас делува многу инспиративно и ве наведува на послободно изразување. Понекогаш н амногу едноставен начин умеете да се вклопите со саканата личност, без посебни разговори или убедувања.
Стрелец
Некој од пријателите нема доволно интерес да го испочитува заеднички договор. Склони сте кон чести промени на расположението, како и друштво кое го привлекува вашето емотивно внимание. Нема причина да се лутите и да се карате со партнерот поради некои ситници.
Јарец
Делувате загрижено поради новите случувања кои може да ве забават во остварувањето на плановите кои ги имате. Немојте да дозволите за вас да се шират гласови или некој за вас да зборува погрешни приказни. Своите мали слабости покажете ги само пред семејството и партнерот.
Водолија
Делувате многу афирмирано на својата околина и имате доволно слух за одлична забава. Поминувате низ различни фази на емотивно расположение и важно ви е да го подобрите љубовниот живот. Пробувате колку е можно подобро да ги разберете сличностите и разликите кои постојат во односот со саканата личност.
Риби
Ненадејните промени делуваат како дополнителен притисок и бараат да имате добра концентрација за да се прилагодите. Вашата лична среќа оваа недела ќе прозлегува од внатрешните потреби, па сите убави мисли и топли ветувања ќе ги делите или разменувате со партнерот.