НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Љубовта ќе биде на прво место кај секој знак
Овен
Полни сте со елан и ентузијазам, па така сите обрвски ќе ги завршувате на време. Припадниците на вашиот знак кои се во врска ќе се повлечат во себе и ќе ја преиспитаат својата емотивна врска. Можна е нереална слика за саканата личност. Доколку сте слободни, многу е голема можноста за тајна врска.
Бик
Расеани сте и поради тоа ќе ви биде потребно повеќе напор да се сконцентрирате. Доколку сте во врска, го идеализирате партнерот, што всушност и не е така лошо, бидејќи сега ќе можете да ја обновите романсата. Доколку сте слободни, друштвено ќе бидете активни и така ќе си дадете шанса за нова љубов.
Близнаци
Дезориентирани сте и нервозни. Тоа ве успорува, затоа треба малку да средите и смирите. Близнаците кои се во врска, мирот го бараат и наоѓаат во саканата личност. Доколку сте слободни ќе ве заинтересира малку постара, авторитативна личност.
Рак
Енергични сте и полни со елан, па пред вас е недела кога ќе ги покажете сите свои потенцијали. Ситничари сте, а тоа се проектира на саканата личност и затоа е неопходно да се контролирате. Доколку сте слободни, поволена недела за нова љубов.
Лав
Кога помисливте дека решивте одредени проблеми, ќе стигнат нови. Сега е неопходно да си поставите приоритети за да бидете задоволни. Доколку сте во врска, многу малку простор ви останува зза пријателство, но спротивната страна ве разбира. Доколку сте слободни, можна е кратка страствена авантура.
Девица
Имате променливо расположение и многу работи ги сфаќате лично. Доколку сте во врска, ве очекуваат неколку стабилни денови во кои одлично ќе се разбирате со партнерот. Слободните Девици премногу анализираат некоја личност, наместо да се опуштат.
Вага
Стравовите не ви даваат мир, бидејќи имате впечаток дека пријателите не ви се баш наклонети. Ова чувство само ве ограничува. Склони сте кон критикување и осудување на сакната личност и нејзините ставови, што ќе допридонесе за кавга. Доколку сте слободни, се уште пробувате да го привлечете вниманието на личност родена во воздушен знак.
Шкорпија
Пред вас се денови во кои ќе бидете многу мотивирани. Слободните Шкорпии преку ноќ може да го променат својот емотивен статус, а личноста која им доаѓа е многу оригинална и единствена. Доколку сте во врска, можни се мали несогласувања.
Стрелец
Пред вас се неколку дена во кои ќе бидете малку поопуштени, но од друга страна многу енергични. Доколку сте во врска, партнерот е склон кон изливи на емоции, што кај вас ќе предизвика пријатни чувства, но и желба за слобода. Ако сте сингл, љубовта ќе затропа на вашата врата. Ќе биде потребно само да ја препознаете.
Јарец
Полека имате увид дека околностите се на ваша страна и дека трудот конечно има смисла. Јарците кои се во врска ќе го поправат односот со партнерот. На слободните припадници на овој знак, наредните седум дена ќе им се случи љубов.
Водолија
За време на наредните неколку дена ќе бидете пријатно изненадени. Заедно со партнерот правите планови кои се однесуваат на некое авантуристичко патување. Доколку сте слободни, можна е љубов со помлада личност.
Риби
Можно е да склопите нов договор со родителите, кој ќе ви го зголеми џепарлакот. Доколку сте во врска, во текот на наредните неколку дена ќе бидете страствени. Ако сте сингл, ова е време кога љубовта е буквално пред вас.