Неделен хороскоп: Напнати денови за Риби, а што ве чека вас според Зодијакот?
Шкорпија
Ќе имате речиси идеални услови за започнување на нов проект. Ќе го прифатите со особено задоволство, а имате и повеќе од доволно енергија да ги направите првите чекори кон негово реализирање. Сето тоа ќе придонесе за ваша афирмација во средината во која работите.
Стрелец
Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој викенд внесува многу светло во вашиот живот. Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси.
Јарец
Добрите вести кои ќе ги слушнете од вашите пријатели во текот на денот, пријатно ќе ве изненадат, со што лесно ќе ги надминете сегашните проблеми. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе придонесе за заедничката благајна.
Водолија
Вашата неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение.
Риби
Оваа недела ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почувствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата и излегување со пријателите.