Неделен хороскоп од 20 до 25 ноември: Девицата ќе ужива во емотивните игри, а овие два знака ги очекуваат непријатни вести
ОВЕН
Љубов: Се обидувате да дешифрирате нечии емотивни сигнали или тајни кодови, но имате впечаток дека вашите напори не го даваат посакуваниот ефект.
Работа: Сфаќате дека вашите идеи се разликуваат од мислењето на мнозинството, но не можете да прифатите некои просечни стандарди за кои се залагаат вашите колеги.
Здравје: Важно е околу себе да гледате среќни и задоволни лица.
БИК
Љубов: Избегнувајте чувствителни теми кои се вовед во нова дискусија со саканата личност. Нема потреба строго да судите за нечии грешки.
Бизнис: Погрешно поврзувате нови настани на деловната сцена, а нечие однесување толкувате во согласност со вашите лични потреби.
Здравје: Преголемата грижа лошо се одразува на вашата психичка состојба.
БЛИЗНАЦИ
Љубов: Без разлика на емоционалниот неуспех или грешката што сте ја направиле, избегнувајте ја опцијата за самоказнување и изолација.
Бизнис: Ништо не добивате со игнорирање на деловните проблеми, линијата на помал отпор не води во насока на позитивни решенија.
Здравје: Слободното време посветете го на семејството и пријателите.
РАК
Љубов: Упорно барате излез од емотивната ситуација која почнува да ве оптоварува. Почекајте да се искристализираат вашите впечатоци и мисли.
Бизнис: На новите деловни предизвици успевате да одговорите со добро осмислени тактики. Треба јасно да ги дефинирате вашите ставови за вредносните критериуми.
Здравје: Применете една од техниките за психофизичка релаксација, опуштете се.
ЛАВ
Љубов: На моменти делувате премногу мистериозно, но партнерот нема доволно интерес или волја да ги дешифрира вашите мисли.
Бизнис: Умеете да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите настаните во насока што носи практични резултати.
Здравје: Зрачите со позитивна енергија и добро расположение.