НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Оваа недела ќе ви се случи љубов

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Оваа недела ќе ви се случи љубов

Овен

На прво место ќе бидат финансиите, кои ќе ви недостасуваат. На училиште владее хармонија и тимска работа. Доколку сте зафатени, саканата личност од вас ќе побара поддршка. Оние кои се слободни ќе пробаат да проценат личност која неодамна ја запознале.

Бик

Вредно работите, но ви пречат ситуации кои не сте ги испланирале, а се случуваат. Потрудете се да се прилагодите на околностите и да импровизирате. Можни се кавги со саканата личност и неопходно е да се воздржувате од конфликти. Слободните Бикови ќе бидат заинтересирани за личност која е родена во воден хороскопски знак.

Близнаци

Егергични сте и решени сте да направите чекор напред. Одличната организација ќе ви биде заштитен знак оваа недела. Зафатените припадници на овој знак се во хармонични односи со партнерот. Разговарате за плановите за блиската иднина. Доколку сте слободни, можна е афера со личност која е повозрасна од вас.

Рак

Оваа недела лесно ќе ги реализирате зацртаните цели. Колку и да пробувате да се посветите на саканата личност ќе биде залудно, бидејќи сте свесни за незадоволството кое партнерот го покажува. Слободните Ракови се впуштаат во флерт, а потоа и во сериозна комуникација со харизматична личност.

Лав

Веќе некое време чувствувате притисок на училиште, но неколку позитивни работи ќе се случат овие денови. Зафатените Лавови се впуштаат во флерт со личност која ја знаат од училиште. Доколку сте се уште слободни, потребно ви е некое време да ја процените личноста која неодамна влезе во вашиот живот.

Девица

Ситуацијата на училиште е стабилна па ќе се посветите на љубовта. Оваа недела ќе имате можност да го хармонизирате односот со саканата личност. Слободните Девици ќе обноват контакт со некој од блиското минато.

Вага

Мотивирани сте кога е успехот во прашање. Зафатените Ваги балансираат помеѓу училиштето и приватниот живот. Партнерот има разбирање за вас. Доколку сте слободни, во близина на домот можно е ново познанство со личност.

Шкорпија

По подолг период повлеченост се враќате во колосек. Имате доволно енергија оваа недела. Ќе бидете успешни. Комуникацијата помеѓу вас и партнерот е на завидно ниво. Доколку сте слободни, интензивно размислувате за љубов, а ви се укажува и можност за врска.

Стрелец

Пробувате да избегнете сериозни расправии со соучениците и професорите. Имате впечаток дека некој ви работи позади грб. Доколку сте зафатени, главна преокупација ќе ви биде саканата личност. Слободните припадници на овој знак ќе го привлекуваат вниманието на личности кои имаат карактеристики на Бик или Јарец.

Јарец

Можно е да напредувате во училиште. Ќе бидете изненадување оваа недела. Потребна ви е поддршка од саканата личност, но овде наидувате на ѕид. Доколку сте слободни, во наредната недела ќе ви се случи љубов.

Водолија

Пробувате да внесете некои промени на училиште, но нема да имате поддршка од соучениците. Поради тоа ќе бидете нервозни. Можни се сомнежи помеѓу вас и партнерот. Довербата ви е на ниско ниво. Слободните Водолии влегуваат во тајна врска на далечина.

Риби

Имате добро чувство во врска со плановите, а тоа чувство не ве изневерува. Следните 7 дена ќе успеете да завршите се што ви е на ум. Партнерот ќе инсистира на подобра комуникација. Слободните припадници би можеле да започнат романса со некој пријател.

Можеби ќе ве интересира: