НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Позитивни промени за Биковите, успех за Водолиите

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Позитивни промени за Биковите, успех за Водолиите

Овен

Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сé онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Подобро е да научите да премолчувате, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.

Среќен ден: Сабота

Бик

Во одреден облик, ви се враќа минатото. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. 

Среќен ден: Среда

Близнаци

Ако сте природно лесно прилагодливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се „спасите“ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. 

Среќен ден: Четврток

Рак

Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, кој што ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она кое што го имате испуштено. 

Среќен ден: Понеделник

Лав

Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки.

Среќен ден: Петок

Девица

Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав подарок или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на очекувањата.

Среќен ден: Недела

Вага

Неделава како ќе размислувате за љубовта, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себе си кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска.

Среќен ден: Вторник

Скорпија

Присутни се некои потешкотии кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. 

Среќен ден: Среда

Стрелец

Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави промени. Ви се овозможува успех, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. 

Среќен ден: Сабота

Јарец

Премногу се грижите за својата иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка. Јасни сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас .На љубовен план се наоѓате во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат.

Среќен ден: Понеделник

Водолија

Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. 

Среќен ден: Петок

Риби

Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. 

Среќен ден: Недела


Можеби ќе ве интересира: