НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Промени за Овните, успех за Водолиите!
Овен
Планетите ви даваат можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе. Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа.
Среќен ден: среда
Бик
Успесите ќе се нижат на секое поле, а на училиште ќе имате само солидни оценки. Периодов ќе уживате во друштво на симпатијата. На крајот од оваа недела на повидок е одлична забава и многу нови познанства.
Среќен ден: петок
Близнаци
Време е да започнете со учење и да се посветите на предметите кои послабо ви одат.
Оваа недела нема да имате многу среќа на љубовен план, но не очајувајте - претстојат поповолни денови. Ова е период совршен за дружење и склопување нови пријателства.
Среќен ден: четврток
Рак
Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Кон крајот на неделата ќе следи повик од личност со која не сте биле во контакт извесно време.
Среќен ден: четврток
Лав
Оваа недела планетите ќе ви донесат позитивни вибрации и подобрување на вашата финансиска состојба. Неделава потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Случувањата кои ќе ги искусите ќе ви бидат од големо значење во понатамошната иднина.
Среќен ден: понеделник
Девица
Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето. Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. Фатете се за учење и бидете активни.
Среќен ден: понеделник
Вага
Неделава, планетите ќе ви донесат возбудливи изненадувања, бидете подготвени. Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвикаат голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики.
Среќен ден: недела
Скорпија
Неделава ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можеле да очекувате мал шопинг со вашата мајка.
Среќен ден: петок
Стрелец
Ова недела за вас е многу добра, бидејќи би можел да се појави предизвик кој ќе донесе нов пресврт во вашиот живот. Физички, во текот на оваа недела ќе се чувствувате многу силно и енергично, а исто така ќе бидете подготвени за извршување на сите обврски.
Среќен ден: вторник
Јарец
Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана! Времето поминато со симпатијата е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале.
Среќен ден: четврток
Водолија
Благодарение на добрата проценка и ефикасната работна стратегија која ја применувате ве очекуваат позитивни резултати. Заинтересирани сте за вредносни аспекти и работи кои донесуваат можност за лично напредување во различни правци.
Среќен ден: петок
Риби
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма, така што делувате многу самоуверено и пред наставниците и пред соучениците. На многу ефикасен начин умеете да спроведете правила на успешно учење, кои оставаат позитивен впечаток на околината.Среќен ден: среда