Неделен хороскоп: Рибите да се фокусираат на партнерот, лоши денови пред Лавот
ЛАВ
Неделава нема да можете да го постигнете тоа што сте го зацртале на деловно поле. Не се добри денови за вас. Заинтересирани сте да започнете нова врска. Имате впечаток дека сте долго време сами и сакате да го промените тоа. Можни се проблеми со зглобовите.
ДЕВИЦА
Можно е да ве чека променлива фаза во која нема да бидете сигурни за работата. Загрижени сте и за финансиите. Ви се допаѓа личност која покажала дека е подготвена да се потруди да ве освои. Можни се проблеми со коските.
ВАГА
Важно е да се организирате што е можно подобро за да можете да бидете во чекор со бурното деловно темпо. Саканата личност и нејзината љубов ќе ви го разубават денот. Можете да очекувате поволен период за вашата врска. Грижете се за вашето здравје.
СКОРПИЈА
Ви треба уште малку време за да донесете конкретни важни одлуки на деловното поле. Можно е да ви недостига личност која многу ја сакавте во минатото. Може да очекувате поволни денови. Проблеми со несоница.