Неделен хороскоп: Скорпии - oваа недела ве очекуваат изненадувања!

Неделен хороскоп: Скорпии - oваа недела ве очекуваат изненадувања!

Овен
Одлична недела за забава и дружење. Уживајте во слободното време, но не претерувајте со седењето до доцна. Кон крајот на оваа недела ве очекува средба со интересна личност од која ќе бидете воодушевени.
Среќен ден: петок 

Бик
Не е сѐ така црно како што изгледа, не се разочарувајте од неколкуте слаби оценки. До крајот на првото полугодие има доволно време да ги поправите. Побарајте помош од друштвото кое оваа недела ќе ви биде на располагање.
Среќен ден: вторник

Близнаци
Поволна недела за подобрување на односите со семејството. Крајно време е да почнете да се извинувате и да ги признаете грешките кои сте ги направиле. Внимавајте на здравјето и започнете да спортувате.
Среќен ден: среда

Рак
Организирајте го времето паметно, многуте обврски нема да се решат сами. Оваа недела е поволна за остварување на веќе зацртаните планови. Ѕвездите ви предвидуваат интересна средба со саканата личност.
Среќен ден: четвтрок

Лав
Искористете ја оваа недела за да направите нешто креативно. Почнете да пишувате поезија или да цртате. Не го трошете времето напразно слушајќи злобни озборувања кои ве повредуваат. Поминете повеќе време со најблиските.
Среќен ден: недела 

Девица

Ова е одлична недела за вас. Ќе постигнете успех во секое поле. На училиште сѐ е во најдобар ред, друштвото ве обожува, а и симпатијата тајно се загледува во вас. Семејството ве поддржува во сѐ. Совршено!
Среќен ден: понеделник 

Вага
Скршеното срце не заздравува преку ноќ. Не посветувајте внимание на на нешто што веќе поминало. Ѕвездите ви предвидуваат забава и дружење, искористете го периодов за да заборавите на љубовните проблеми.
Среќен ден: сабота

Шкорпија
Родените во знакот на Шкорпија оваа недела ќе имаат период исполнет со успеси. Нека не ве плашат обврските што ви претстојат, исполнете ги вашите цели и кон крајот на неделата ќе уживате во постигнатиот успех.
Среќен ден: петок 

Стрелец

Без нервози! Иако оваа недела ѕвездите не се на ваша страна, тоа не значи да се откажувате од секојдневните обврски. Кон крајот на неделата работите ќе тргнат на подобро, а ќе имате и среќа во љубовта.
Среќен ден: четврток 

Јарец
Доволно време изгубивте седејќи пред компјутер. Посветете се на друштвото кое одамна не сте го виделе. Поволна недела за спорт и кретивна работа. Затоа исклучете го компјутерот и почнете да се забавувате.
Среќен ден: четврток 

Водолија
Време е да престанете со озборувањето. Невистините кои ги ширите, минатата недела ги повредија оние кои најмногу ги сакате. Оваа недела е поволна за извинување и поправање на грешките од минатото.
Среќен ден: среда

Риби
Поминувајте повеќе време со семејството и пријателите. Тие чувствуваат дека ги запоставувате во последниов период. Организирајте забава на која ќе се дружите и ќе бидете заедно со саканите.
Среќен ден: вторник

Можеби ќе ве интересира: