Неделен хороскоп: Стрелците се најранливи оваа недела!

Неделен хороскоп: Стрелците се најранливи оваа недела!

Овен

Време е за забава. Уживајте во есента, кон крајот на неделата на повидок е нова љубов која може да заврши несреќно до крајот на годинава. Излегувајте и посвете му повеќе време на вашето друштво.
Среќен ден: понеделник

Бик

Не дозволувајте оваа недела да ви започне како минатата, затоа додека е време земете ги книгите во рака и започнете да мислите на лекциите и задачите по математика. Ѕвездите ви предвидуваат успех.
Среќен ден: среда

Близнаци

Почетокот на оваа недела ќе ви донесе нова љубов. Но внимавајте повторно да не бидете повредени. Време е да мислите малку и на училиштето, новите тестови ќе дојдат за миг.
Среќен ден: понеделник

Рак

Кон средината не неделава ве очекува интересна средба со личност која одамана не сте ја виделе. Ве претстои период на многу дружење и забава, но не заборавајте ги училишните обврски.
Среќен ден: четврток

Лав

Оваа недела е совршена за извинувања. Извинете им се на сите оние на кои сте им погрешиле и започнете ја неделата во добро расположение. Не влегувајте во непотребни караници.
Среќен ден: петок

Девица

Ви претстои недела совршена за купување, а викендот е створен за тоа. Меѓутоа, немојте да го потрошите сето време на тоа, оставете си време и за училишните обврски. Оваа недела разговорите со семејството ќе ве расположат и ќе ве смират.
Среќен ден: сабота

Вага

Време е да го заборавите компјутерот и допишувањето до доцна навечер. Ова е совршена недела да започнете со извршување на училишните обврски. Направете го тоа нешто за кое подолго се двоумевте.
Среќен ден: четврток

Скорпија

Оваа недела е совршена за искрени разговори со родителите. Непотребните караници разрешете ги со разговор, само така ќе добите продолжено време за излегување. На повидок е нова симпатија.
Среќен ден: среда

Стрелец

Кон крајот на неделата на виделина ќе излезе вашата долго чувана тајна. Ќе се прашувате кој би можел да ве издаде, но не влегувајте во непотребни караници, така само ќе ги повредите вашите блиски.
Среќен ден: недела

Јарец

На почетокот на неделава ќе слушнете лошо озборување за вас. Не му придавајте големо значење, потрудете се да ги игнорирате гласините на љубоморните. Бидете она што сте и уживајте во вашите успеси.
Среќен ден: недела

Водолија

Доволно беше раскажувањето наоколу и ширењето на непотребни гласини. Ако продолжите така ќе ги загубите сите другари/ки. Неделава ќе дознаете една тајна, но зачувајте ја за себе.
Среќен ден: четврток

Риби

Оваа недела ќе треба многу да се потрудите ако сакате да ги задржите другарите/ките. Поминувајте повеќе време со нив и ислушајте ги нивните мислења. Светот не се врти само околу вас.
Среќен ден: среда

Можеби ќе ве интересира: