НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Стрелецот ќе има проблеми со соучениците, што ги очекува другите знаци?
Овен
Малку субјективно ги толкувате новите случувања на училишната сцена и невнимателно намалувате нечии способности. Потребно е да се усогласите со своите соученици околу уважувањето на различните училишни интереси, пред да изгубите драгоцено време и енергија. Без добар план и проценка, нема ниту значаен успех.
Среќен ден: Вторник
Бик
Важно ви е да ги проширите своите сознајни погледи и понатаму професионално да се усовршувате во различни правци, но забележувате дека околу вас се наоѓаат соученици со различни профили и манири. Важно е да применувате проверени обрасци на успешно учење и да го сочувате добриот однос со соучениците.
Среќен ден: Понеделник
Близнаци
Благодарение на добрата проценка и ефикасната работна стратегија која ја применувате ве очекуваат позитивни резултати. Заинтересирани сте за вредносни аспекти и работи кои донесуваат можност за лично напредување во различни правци.
Среќен ден: Петок
Рак
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма, така што делувате многу самоуверено и пред наставниците и пред соучениците. На многу ефикасен начин умеете да спроведете правила на успешно учење, кои оставаат позитивен впечаток на околината. Вешто применувате различни работни стратегии во зависност од актуелните теми и цели кои сакате да ги остварите.
Среќен ден: Среда
Лав
Ангажирани сте на различни страни и делувате претенциозно на средбата со соучениците. Потребно е правилно да ја насочите својата творечка енергија или да ја засилете концентрацијата. Нечија асистенција при решавањето на училишните дилеми ќе се покаже од голема корист.
Среќен ден: Вторник
Девица
Делувате одлучно и упорно ги браните своите ставови, но постојат нови случувања кои дополнително ја отежнуваат вашата положба во училиште. Потребно е да ги исполнете основните критериуми кои ги поставуваат вашите соученици и наставници, наместо да провоцирате нова расправија или да се судирате поради различните интереси.
Среќен ден: Сабота
Вага
Очекувате позитивни реакции и одговори на средбата со соучениците за кои ве врзуваат заеднички училишни интереси. Важно ви е да остварите перспективен договор во овој дијалог и да ги сочувате контактите на сите страни.
Среќен ден: Четврток
Скорпија
Се наоѓате во фаза на креативен подем и поттикнати сте на нови решенија поради проблеми на училиште. На средбата со соучениците имате јасни визии и умеете добро да го процените редоследот на потезите. Потрудете се да ја добиете неопходната поддршка, постои личност која може да ги награди вашите интелектуални способности.
Среќен ден: Понеделник
Стрелец
Делувате снаодлливо и многу сугестивно на својата околина, сепак тоа не претставува доволен услов или гаранција за работен успех. Потребно е да се договорите за заедничко решение и подобро да ги заштитите своите интереси на училиште. Постојат спорни моменти во односот со соучениците, така што некои ветувања се подлежни на неочекувани промени.
Среќен ден: Петок
Јарец
Чувствувате мала стагнација во творечкото изразување и потреба психички да се ослободите од натрупаните обврски. Важно е да ангажирате сигурни соученици, како би ги оствариле заедничките итнереси во предвидениот рок. Препуштете на другите да се докажуваат во нови или експериментални ситуации.
Среќен ден: Недела
Водолија
Важно ви е да ги остварите своите интереси на различни страни, меѓутоа постојат дополнителни компликации или соученици кои ги успоруваат вашите планови. Анализирајте ги работните интереси од различни аспекти, потребно е да формирате листа на приоритети и нови критериуми при изборот на соодветни теми.
Среќен ден: Вторник
Риби
Чувствувате мал замор или недостаток на волја да се соочите со некои проблеми. Важно ви е сѐ да биде идеално усогласено, но имате впечаток дека ви недостасуваат основните информации за новите случувања на училишната сцена. За среќа ве очекуваат позитивни промени, неочекувана добивка или добар услов за проширена соработка.
Среќен ден: Сабота